Мммммммм….одличен!

Потребни состојки:

2 кг јагоди
1 кг шеќер
20 мл лимонов сок
1 лимонтус
2 литри вода

Постапка:

Водата и шеќерот ставете ги на оган да се варат 20- тина минути.

Јагодите со рачен миксер сомелете ги па додадете ги во сирупот и варете ги уште 30 минути.

Додека е врело процедете го во друга шерпа, да нема случајно грутчиња или парчиња, па сокот гответе го уште 40 минути.

Некаде на средина од готвењето, после 20 минути додадете сок од лимон и лимонтус. Пената при варењето собирајте ја со цедалка.

Варениот сок тргнете го од оган и веднаш складирајте го во загреани шишиња и затворајте.

Вака приготвениот сок има рок 12 месеци.
Сокот по желба се разредува со газирана вода, ладен чај или со вода.

Сок од јагоди