Рецепт на Јеца од Јеца Сваштарица. Посен бурек – најдобриот и највкусниот кој некогаш сум го јадела. Овој бурек нема да го најдете во ниедна бурекчилница.

Превкусен е, а се подготвува многу лесно и брзо. Никогаш повеќе нема да отидете да купите бурек, бидејќи откога ќе го пробате овој рецепт, ќе видите дека нема поубав.

Се подготвува со готови кори, а на вас останува да го подготвите само филот.

Филот е посен и се подготвува од само неколку состојки и е идеален за посни денови. Но, исто така може да го подготвувате во текот на целата година. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:
500 г тенки кори
За филот:
2 средни главици кромид
2 компири
400 г шампињони печурки
3 лажици масло
сол
црн пипер
мешавина зачин (вегета)

За премачкување на корите:
300 мл газирана вода
100 мл масло

Постапка: ситно исечкајте ги двете средни главици кромид, а потоа додајте ги во претходно намастено и загреано тавче на рингла. Зачинете со сол и оставете кромидот да се динста 2 минути.

Потоа додајте 2 рендани компири, промешајте и динстајте уште 2 – 3 минути. Додајте ги печурките и зачинете со црн пипер и вегета, па динстајте уште 2 – 3 минути. Тргнете го настрана.

Во чаша подгответе го преливот од газирана вода и масло. Земете една тркалезна тепсија 26 см или приближно и добро намастете ја со масло на дното и по страните.

Потоа започнете да ги редите тенките кори: ставете една кора на половина од тепсијата така што едната половина ќе ја опфаќа тепсијата, а другата кора ќе се излева надвор од тепсијата.

Повторете ја истата постапка и со останатите три кори кои треба да ја исполнат целата тепсија до половина, а со преостанатата половина да излегуваат од сите страни на тепсијата. Потребно е од сите страни да има по една кора.

ЧЕТВРТИНА ОД КОРИТЕ – ТРЕТИНА ОД ФИЛОТ….И Сè така додека да се потроши материјалот. Секоја кора се премачкува со прелив.

Потоа, на дното ставете една кора која ќе ја превиткате на четири делови да добие форма на квадрат и премачкјате ја со преливот. На овој начин наредете уште две кори, па распоредете третина од филот.

Продолжете три кори-фил…сѐ додека да се исполни тепсијата. На крај, само превиткајте ги корите кои висат од надворешната страна, односно корите кои први ги ставивте во тепсијата.

Превиткајте ги кон средината, така што тие ќе бидат завршниот дел од бурекот. Потребно е и овие кори да ги премачкате со течната мешавина.

Во претходно загреана рерна на 180 степени, печете го бурекот 30 – 40 минути, додека да зарумени.

По печењето, превртете го бурекот во чинија или кујнска даска на рамна површина, така што страната која се печела на површината треба да дојде одоздола.

Пресечете го бурекот на четвртини и осмини и послужете го. Бурекот е толку многу вкусен и одличен е во комбинација со јогурт. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.