Ова е вкусен и здрав природен лек кој го чува вашето здравје и го зајакнува имунитетот. Се користи за лекување на бронхит, за прочистување на белите дробови, за сува и продуктивна кашлица, болно грло а особено е добар за пушачите. Единствено не смеат да го консумираат оние кои се алергични на мед и таан.
Потребни состојки:
500 г мед
500 г таан
2 мали лажички мелено ленено семе
1 мала лажичка мелен синап
Постапка:
1.Во пластичен сад се ставаат сите состојки и убаво се мешаат.
2.Откако мешавината ќе се изедначи, складирајте во чисти, стаклени тегли.
3.Двете тегли убаво се затвораат и се чуваат на собна температура.
Употреба:
Се зема со пластична лажичка едно наутро и едно навечер на гладно.
Рецепт и фото: Божиновски