Колку често ви се случило наутро да се разбудите со непријатно чyвство во грлото кое при голтање малку како да ве гребе. Ова најчесто е првиот симптом кон настинка или некоја посериозна состојба. Раната превенција, односно зајакнувањето на имунитетот се многу важни, за да не дојде до посериозна болест.
Б олно грло може да настане доколку не сте доволно хидрирани, па слузокожата се суши за време на спиењето, особено ако спиете со отворена уста. Втора причина е cт ресот, а тука се подразбира и вклучува неспиењето, неадекватната исхрана, работните обврски итн. кои сукцесивно придонесуваат кон оваа состојба.
Б олката во грло може да биде многу непријатна состојба со која се соочуваат сите возрасни групи. Во продолжение може да прочитате некои од најдобрите природни препарати кои помагаат при воспаление на грлото, а кои се прават во домашни услови, од неколку едноставни состојки кои во повеќе наврати покажале успешни резултати.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 10 цели ореви (во тврда лушпа), 1 литар вода, ¼ лажичка морска сол (околу 3-4 грама). И УШТЕ: по вкус може да се додаде мед како засладувач. ПОСТАПКА: Оревите во дрвенестата лушпа добро измијте ги. Искршете ги на помали парчиња и заедно со лушпите ставете ги во тенџере.
Прелијте ги со 1 литар ладна вода, додајте сол и варете на тивок оган додека количината на течноста да испари на малку повеќе од половина. Изладете и процедете. Лекот чувајте го на ладно и темно место, затворено во порцеланска или стаклена тегла. Па дури и на мали деца (над две години) може да се дава, секој ден, со конcyлтација на нивниот лекар:
Половина мала шолјичка за кафе (околу 50 мл) благо загреан сируп, засладен со мед, помеѓу оброците (ако се внесува со храна ќе се редуцира ефикасноста). По потреба подгответе нова количина. Како и со секој лек, не треба да се претерува, а во продолжение прочитајте уште еден моќен лек за лекување на респираторни инфекции и болно грло.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 1 шолја вода, 1 чајна лажичка црн ким, 1 лажичка мед, 2-3 капки екстракт ванила, малку млеко или крем за кафе. ПОСТАПКА: Една чајна лажичка црн ким сомелете ја крупно или истискајте ја во аван, колку да се разбијат семчињата и да го пуштат маслото, па прелијте со врела вода. Оставете да отстои 8-10 минути, па процедете.
Додајте лажица мед, 2-3 капки ванила и малку млеко. Пијте го топло. Оние што го пробале маслото од црно семе можеби ќе си помислат дека и ова има интензивен мирис и вкус – но нема. Многу е пријатно и вкусно за пиење.
А да не го заборавиме и следниов лек, кој ни е многу добро познат на сите, доколку ги немате состојките за првиот и вториот напиток. Ќе ви бидат потребни следниве состојки: лимон, мед и ѓумбир во количина која ја одредувате вие во зависност колку ќе правите од лекот. Овој лек исто така може да се пие и превентивно за зајакнување и прочистување на крвта.
ПОСТАПКА: Доколку лимонот е органски, измијте го добро и исечете го на тркалца. Ѓумбирот измијте го, излупете го и ситно исечкајте го. Во една тегла редете: ред лимон – мед – ред ѓумбир – мед и се така до крај.
По правило, теглата треба да отстои еден месец во фрижидер за да може смесата да стане желатинозна, но во итни случаи започнете со конcyмација веднаш. Смесата се раствора со малку млака вода. Дневна доза за возрасни: 2-3 лажици рамномерно распоредени. За деца: 2 лажички во текот на денот, рамномeрно распоредени, со конcyлтација на лекар.