Во овој период кога секој втор-трет човек кашла, мора да преземете чекори за зајакнување на имунитетот, и да го намалите ризикот од инфекции.

Меѓутоа, доколку и вас ве префатила некоја вироза која лесно ги напаѓа белите дробови, сигурно ве мачат тегоби со органите за дишење. Покрај отежнатото дишење, можат да се појават и други симптоми, како што се засилено лачење на секрет од синусите, кој се слева во белите дробови.

Секретот ги дразни белите дробови кои преку кашлањето, на природен начин се ослободуваат од слузта која се лепи и таложи.

За да си помогнете и полесно да се ослободите од секретот, направете го овој едноствен домашен лек, чии состојки се природни и вкусни.

После само два дена од консумирањето, вие ќе се ослободите од секретот, а кашлањето ќе престане.

 Потребни состојки:

1 литар вода, 20 парчиња чист локум (без додатоци и ароми), 20 тврди, зелени ментол бонбони, неколку ливчиња од билката Слаткарче, позната кај народот уште под следниве имиња: Барбароза, Итер, Розетка. (лат. Pelargonium gravedens)

Постапка:

Прв чекор: Во еден литар вода се додаваат 20 парчиња чист локум. Втор чекор: Смесата се вари на умерена температура, додека течноста да се преполови.

Трет чекор: Пред крајот се додаваат 20 ментол бонбони, па се меша додека тие да се растопат. Четврти чекор:Се трга од оган па се додаваат неколку ливчиња (по вкус, 2-3) Слаткарче. Петти чекор: Сирупот се складира во стаклено шише и се чува во фрижидер.

Употреба:

Се пие по една голема лажица, трипати на ден, пред оброк. За деца, по една чајна лажичка. Се пие неколку денови додека да се смири кашлицата, но резултатите се очекуваат после 2-3 дена.