Во гробниците на фараоните оваа билка била главната состојка во смесата за балсамирање. Затоа, секој треба да си поседува во домашната аптека.

Жалфијата е одлично средство за прочистување на крвта и исфрлање на слузта од организмот. Го јакне кардиоваскуларниот систем, ја стимулира циркулацијата, делува против крвавење и воспаленија.

Додека пак, од друга страна, куркумата како втора состојка поседува антибактериски својства, што значи дека ги уништува сите вируси и други патогени микроорганизми во телото.

Честа состојка е во бројни домашни препарати против грип, настинки и респираторни инфекции.

Претставува природен аналгетик, борец против дијабетесот и делува како одлична превентива на бројни канцерогени заболувања: рак на дојка, простата, дебело црево, кожа и нели дробови.

Се верува дека дури и куркуминот може да спречи развој на веќе појавениот тумор.

Традиционалната медицина препорачува да се измеша жалфија со млеко, па доколку на овој напиток додадете куркума и мед, ќе добиете вистинска домашна инфузија.

Потребни состојки:

250 мл млеко
1 лажица сува жалфија
1 лажичка мед
1 лажичка куркума (1/2 лажичка за деца)
½ лажичка путер или маслиново/кокосово масло

Постапка:

Загрејте го млекото, додадете ја жалфијата и штом зоврие, тргнете го садот, покријте го и оставете го 15 минути.

Процедете го млекото а во него додадете ги останатите состојки и добро промешајте.

Овој напиток е најдобро да се приготвува навечер пред спиење и да се испие топол барем половина час пред легнување.