Наутот, уште познат како лебелија, е многу ценета билка која изобилува со протеини, влакна и витамини, па според нутриционистите е добро што почесто да се има на мени. Од него се приготвува намазот наречен „хумус“, кој од арапската кујна се прочу и прошири насекаде во светот.
Толку лесно се прави што ќе ви бидат потребни само неколку состојки и малку време, а потоа ќе го користите буквално за сè. Може да се мачка на леб, да се прави сос за тестенини од него, да се мачка со крекери, а убаво одговара и со месо.
Многу е вкусен, а ако почесто го правите ќе го прилагодите според ваш вкус, некој го сака посолен, а некој не, дури може да се додаваат и други состојки кои одговараат на вашите желби, но базата е секогаш иста.
Првиот рецепт даден како предлог во овој текст се приготвува многу брзо, за помалку од 10 минути, бидејќи се користи наут од конзерва, па се прескокнува постапката за киснење и варење на мешунката. Не пропуштајте ги и следните рецепти зашто се едни од најдобрите и ги користат светски познатите ресторани. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 конзерва наут, 50 мл маслиново масло, 50 г истостиран сусам, 2 чешниња лук, сок од половина лимон, сол по вкус
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г сиров наут, 2 – 3 лажици тахини или таан*, сок од 1 лимон, 3-4 чешниња лук, 5 супени лажици маслиново масло, сол по вкус
*рецепт за тахини: 1 мал филџан за кафе сусам, 1 мал филџан за кафе вода, 1 лажица лимонов сок, 2-3 чешниња лук, 1 лажица сусамово масло, сол и црн пипер по вкус. Постапка: сите состојки се блендираат, а водата се додава постепено додека да се постигне посакуваната густина.
РЕЦЕПТ 3 (ОРИГИНАЛЕН) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г наут, 1 мала лажичка сода бикарбона, 1 лажичка маслиново масло, 1 – 2 лажички мелен ким, 1 лажичка сол, 2 – 3 лажички сок од 1 лимон, 2 лажички тахини намаз.
РЕЦЕПТ 4 (хумус со цвекло) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г наут, 1 – 2 лажички мелен ким, 2 – 3 лажички маслиново масло, 1 лажичка сол (по вкус), 2 лажички сок од лимон, 1 чешне бел лук, 3 – 4 лажици варено цвекло.
РЕЦЕПТ 5 (хумус со пиперка) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г наут, 1 – 2 лажички мелен ким, 2 – 3 лажички маслиново масло, 1 лажичка сол (по вкус), 2 лажички сок од лимон, 1 чешне лук, 1 црвена пиперка.
РЕЦЕПТ 6 (хумус со босилек) – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г наут, 1 – 2 лажички мелен ким, 2 – 3 лажички маслиново масло, 1 лажичка сол (по вкус), 2 лажички сок од лимон, мешавина од босилек, копар, магдонос, оригано (што и да имате од зачини) помешани со маслиново масло.
ПОСТАПКА за рецепт 1: процедете ги зрната наут, но сочувајте ја течноста од конзерва. Сусамот претходно малку запржете го во сува тава колку да замириса, па оладете го и заедно со наутот сипете ги во блендер. Додајте маслиново масло, сечкан лук, лимонов сок и зачини по вкус.
ПОСТАПКА за рецепт 2: наутот потопете го вода најмалку 4 часа или најдобро преку цела ноќ (исто како грав). Следниот ден фрлете ја таа вода и наполнете нова колку да бидат прекриени зрната.
Варете на умерена температура 45 минути или додека да омекнат зрната. Потоа процедете ја и ставете ја во блендер. Додајте лимонов сок, тахини, маслиново масло, лук и сол. Миксајте додека да се изедначи смесата и стане мазна како крем. Ако смесата ви е многу густа додајте малку од водата во која се вареше наутот или малку јогурт.
На оваа основна варијанта за хумус можете да додавате различни зачини како што се: ким, алева пиперка, чили, магдонос и сл. Се чува складирано во фрижидер. Следи постапката за третиот рецепт:
Изблендирајте ја смесата со најголема брзина за да добиете изедначена, компактна и мазна смеса. Доколку е премногу густа, додајте малку од сочуваната течност од конзервата. Доколку има потреба додајте уште зачини по вкус.
Сипете во чинија и послужете со една лажичка маслиново масло и неколку зрна наур. остаокот складирајте го и сочувајте го во фрижидер до употреба. Следи постапката за вториот рецепт:
ПОСТАПКА за рецепт 3: наутот потопете го во вода со сода бикарбона преку цела ноќ. Следниот ден исфрлете ја таа вода, па налејте нова (двојно повеќе), да бидат прекриени зрната. Без сода бикарбона наутот се вари приближно еден час, а со сода, доволни се 20-тина минути, зашто многу побрзо го омекнува.
При варењето се создава пена и излегуваат лушпите, па потребно е постојано да ги отстранувате. Наутот мора да биде добро сварен и многу омекнат за да излезе добар намаз. Сварениот наут процедете го и ставете го блендер со сите останати состојки додека да добиете фин намаз. Ова е основниот, оригинален рецепт, а сега следи постапката за четвртиот рецепт:
ПОСТАПКА за рецепт 4: целата постапка од претходните рецепти повторете ја, а наместо тахини намаз, додајте лук и цвекло. Смесата сомелете ја во блендер додека да се изедналчат состојките и добиете розов хумус кој е многу вкусен.
ПОСТАПКА за рецепт 5: пиперката пропржете ја и ситно исечкјате ја. Додајте ја во блендерот и заедно со останатите состојки сомелете додека да добиете вкусен намаз, исто како и при подготовката на претходните рецепти. Може да ставите лута или блага пиперка по ваш избор.
ПОСТАПКА за рецепт 6: Зачините измешајте ги со маслиново масло и направете смеса од нив. Потоа додајте ја во блендерот заедно со другите наведени состојки, како што е опишано во првите рецепти. Сето изблендирајте го додека да добиете многу вкусен хумус со преубав мирис. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.