Ова е рецепт за домашен еурокрем кој многу лесно се приготвува, а многу е вкусен. Пробајте па јавете ни како ви излегло и дали ви се допаѓа.
Потребни состојки:
150 мл вода
300 г шеќер
2 ванилин шеќер
200 г путер
200 г млеко во прав
100 г чоколадо
100 г бело чоколадо
Постапка:
Во еден сад ставете вода, шеќер и ванилин шеќер. Ставете на оган и загревајте додека да се растопи шеќерот. Додадете бело чоколадо и мешајте додека и тоа да се растопи.
Штом провари, тргнете од од оган и оставете да излади. Потоа додадете ги путерот и млекото во прав. Добро измешајте па поделете на два дела.
На пареа растопете го темното чоколадо дода идете го во едниот дел, а во вториот додадете растопено бело чоколадо.
Во тегла додавајте темна па бела смеса или истовремено двете смеси и затворете ја теглата.