Ова се две приказни, за две храбри жени кои успеале да се изборат со тешката болест: баба Живка и Веселина Стевиќ. Прочитајте ги нивните искуства и рецепти.
Она што не може официјалната медицина, може алоето според овие две жени, кои меѓусебно не се познаваат, но ги поврзува оваа чудотворна билка.
Домаќинката Живка Џуриќ (66) има големи причини да верува во чудесните исцелувачки моќи на оваа билка. Таа добила рак на дојка, но успеала да го победи. Била упорна, храбра, дисциплинирана и иако лекарите и советувале итно отстранување на болната дојка, таа била одлучна да се самоизлекува.
-Ми велат дека сега го живеам мојот втор живот, а тоа не е точно, ова е мојот еден единствен живот -вели баба Живка, која на својата тераса одгледува 40 саксии со овој лековит кактус.
-Алоето ми го спаси животот и нема причини тоа да го кријам. Лекарите ми советуваа итно да одам под нож. Во тоа време запознав една жена Душка која веќе имала позитивно искоство со алоето. Таа ми даде еден кактус и рецепт како да го приготвувам лекот, и еве, таа случајна средба ме одржа во живот.
Живка веќе три години нема никакви тегоби, од болеста нема ни траг, а лекарите се чудат.
-Немам никаква причина да го кријам рецептот. Еве како се приготвува:
Се кине лист од Алое кактус кој е стар најмалку една година, колку постар, толку подобро, ситно се сечка. Околу 400 г алое се меша со 200 г корен од цикорија, се додава мед со саќе, еден литар чист алкохол од аптека, се додава 0,5 литар црно вино, сè се меша и се става во стаклена тегла од 5 литри. Седум денови треба да отстои во соба, на темно место. Од време на време се протресува. После седум дена се процедува во исклучиво темни шишиња и се чува на ладно место.
Се пие по една кафена лажичка пред јадење, два часа пред земање храна или трипати дневно. Пред употреба треба да се протресе и промеша.
Како го одгледува алоето: Живка во својот дом одгледува повеќе од 40 кактуси. Двапати месечно листовите ги прска со средство за прихрана на листот. Ги сади и пресадува во просеана земја и ги полева еднаш седмично. Ги чува на сенка.
Веселина Стевиќ (56) излекувала миом на матка без операција користејќи народен лек од природата, по препорака на докторка. Туморот исчезнал како со рака однесен после консумирањето на лекот со алое, која оваа домаќинка сама си го приготвувала.
-За лекување на исцрпени онколошки болни на кои им е потребна појачана исхрана и многу витамини, им ја препорачувам смесата од 100 грама сок од алое помешан со 500 г мелени ореви и 300 г мед. Смесата оставете ја да стои на темно и ладно место еден месец.
Се консумира по една лажица трипати дневно, половина час пред јадење – вели Веселинка.
Исто така, поволно за организмот делува и смесата приготвена од
150 г алое (сок)
100 г лист од шумска јагода (сок)
250 г јаворов сируп
250 г мед
350 мл црвено вино
Сите состојки се мешаат и се остава 14 дена да отстои на темно и ладно место. Се консумира по 30 мл половина час пред секој оброк.
Сокот од алое Веселина започнала да го користи по препорака на докторка.
-Ја послушав и денес сум и многу благодарна, бидејќи нејзиниот совет ми го спаси животот. Миомите на матката целосно исчезнаа после консумацијата на лекот. Сега сум здрава, работам и дома и во градината, сокот од алоето и натаму го користам превентивно.
Сопругот Слободан беше цело време покрај мене и ме храбреше, имам и внучиња, расположена сум, повторно ми се врати волјата за сè, сакам како порано да одам на пазар. Ме среќаваат жени кои не можат да веруваат дека сум жива. Многумина ми велат дека не верувале дека ќе ја преживеам оваа болест. За среќа, јас отсекогаш верував во моќта на природата и се излекував – вели Веселина.