ДОЛОРЕС пита со купечки кори, подобра отколку со домашни…Никој не забележува разлика…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кх кори (2 пакувања)
500 г ситно сирење
150-200 мл масло
8 јајца
500 мл течен јогурт
200 мл вода
2 лажички сол
*Ако користите само 1 пакување кори од 500 г, тогаш користете помал (среден) плех, за да не ви биде питата многу тенка. Оваа количина е за големиот плех од рерна.
ПОСТАПКА:
1.Корите поделете ги на 6 еднакви дела. Плехот намастете го со масло и ставете ја првата кора, убаво да се залепи за дното. Малку премачкјате ја одозгора со масло и покопете ја со втора кора. Повторете ја постапката со 1.дел кори (5 или 6 кори).
2.Кога ќе наредите една шестина од корите, одозгора распоредете сирење, па повторно започнете со редете кори (секоја премачкна со масло) и сѐ така додека да се потроши материјалот. Слој (1/6) кори, па сирење (1/5 или приближно по 100 г)…
3.Додека го редите питата, во меѓувреме вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени. Питата исечете ја на коцки.
4.Во посебен сад изматете ги јајцата со сол, па помешајте ги со јогуртот и водата. Залијте ја питата со овој прелив, особено на засеците за полесно да се впие.
Со задниот дел од лажицата поминете одозгора за да се натопат евентуалните суви делови.
5.Плехот малку подигнете го од едната страна, па од другата страна за да се распореди преливот рамномерно, па ставете да се пече додека да зарумени, 45 минути на 200 степени. Ако печете помала пита, времетраењето ќе биде пократко.
Оставете малку да се подизлади, па послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.