Во светот од корона вирусот досега умреа 14.441 луѓе, а се излекувале 96.958 лица. Една од оздравените е и докторката Клер Герада која за британскиот Дејли мејл ги открила клучните работи кои и помогнале во лекувањето од корона вирусот – парацетамол, пилешка супа и лимонада.
Клер, некогашна шефица на Кралскиот колеџ на лекари по општа пракса, вели дека ова било болно и фрустрирачко искуство.
Докторката вели дека вирусот го “закачила” на работна конференција во Њујорк.
Оваа 60-годишна лекарка имала симптоми карактеристични за Ковид-19: кашлица, умор, воспалено грло, температура и грозница.
Им се јавила на надлежните служби со првите знаци на зараза.
-Знаев дека станува збор за корона вирус, бидејќи јас обично не се разболувам, а сезоната на грипот заврши – објаснува таа.
Откако се тестирала и утврдила дека боледува од корона вирус, д-р Клер морала да оди во карантин.
Во текот на домашното лекување наведува неколку работи кои и помогнале да оздрави, а тоа на прво место се пилешката супа која имала чудесен ефект во враќање на апетитот.
Докторката вели дека се опоравила од вирусот земајќи по два парацетамола трипати на ден со многу лимонада.
Важно е да се напомене дека оваа жена претходно не патела од било какви здравствени состојби и дека со помош на овие лекови и течности целосно се опоравила.