Доктор Емир Солаковиќ во текот на гостувањето во една емисија даде одличен совет како да се намали високиот крвен притисок, а од друга страна што да прават луѓето кои имаат низок крвен притисок.
“Ако имате некој здравствен проблем, да си знаете дека вие самите сте криви за тоа. Лекарите не можат да ве излечат ако навреме не се погрижите за себеси.
Ако имате висок притисок мора да бидете информирани за тоа, што значи, ако горниот притисок ви е 140 а долниот 90, вие имате хипертензија. Се останато над ова е полошо…
Кога нешто ќе се насекирате, притисокот ви скока, па одите на лекар и тој ви дава лекови и тогаш цел живот сте на тие лекови. Но вие мора да бидете свој доктор.
Направете табела и мерете го притисокот наутро и навечер. И така водете евиденција во текот на 20 дена. Секогаш мерете го притисокот во исто време. Единствено на овој начин ќе знаете дали имате хипертензија или не.
Можеби еднаш ви било лошо, нешто сте биле загрижени, па тогаш ви се покачил притисокот. Па сте отишле на лекар и тој ви дал лекови, а сето тоа без потреба.
Мерете го сами притисокот и водете сметка за себеси. Оваа воопшто не е комплицирано. Не дозволувајте притисокот да ви се качи на 200.
Сите кои имате висок крвен притисок консумирајте што повеќе овошје и зеленчук кои содржат калиум. Користете и калиум во таблети. Калиумот од 140 ќе ви го намали притисокот на 130, а тоа е голема работа.
Кога пиете кафе, изедете и коцка црно чоколадо. И исната морска риба го намалува притисокот. Јас така живеам! Притисокот бара движење. Ако сакате да го намалите притисокот, пешачете и не бидете дебели. Не можете да бидете дебели и здрави. Дебелите луѓе се болни луѓе, бидејќи имаат висок притисок и висок шеќер!
Од друга страна, луѓето со низок притисок треба да пијат доста течности. Ако многу седите, не се двиѓете, не пиете вода, притисокот ќе ви падне. Јас сум противник на лекови. Обидете се да направите нешто за да го покачите притисокот или да го намалите, но без лекови.
Ниту еден доктор не може да ви помогне ако вие сами не си помогнете. “Кој може да знае подобро од вас самите?”