Предраг Ненадиќ е доктор по природна медицина и дипломиран нутриционист. Тој ја усоврши својата професија и знаење во Германија, на Универзитетската клиника во Лудвигсхафен. Овојпат тој говореше за вистинските причини поради кои се добива замастен црн дроб и како на најлесен начин може да се прочисти.




ПРАШАЊЕ: Како тоа холестеролот не влегува преку уста? насекаде се говори дека зголемените масти во телото зависат исклучиво од храната која ја внесуваме?

ОДГОВОР: „Проблемот со замастен црн дроб не произлегува од масната храна. Ова се огромни заблуди во кои веруваат голем број луѓе. Црниот дроб го претвора вишокот шеќер во масното ткиво. Холинот (витамин Б4), кој нормално се наоѓа во сланината, јајцата и месото, го распоредува тој холестерол и не дозволува да остане и да се депонира во црниот дроб.




Тој овој холестерол го „испраќа“ во масното тикво, па поради тоа добиваме поголем стомак, зголемен зад-ник итн. Меѓутоа, кога немаме доволно од тие здрави масти, кои сме ги исфрлиле од исхраната плашејќи се дека ќе добиеме холестерол, е тогаш, добиваме замастен црн дроб. Станува збор за таканаречениот безал-кохолен замастен црн дроб.




Тој замастен црн дроб тогаш не може да функционира правилно, не може да го исчисти нашето тело од ток-сини, не може да се деток-сицира. Ова се забележува така што на кожата почнуваат да се појавуваат акни и мозолчиња, за зголемува првутот, ноктите започнуваат да се лупат, се јавува чешање…




Масниот црн дроб не се добива од храната што ја јадеме. Кога велат: „Не сакам да јадам јајца, ќе добијам холестерол!“, тоа е чиста небулоза. Една третина од храната делумно влијае на холестеролот, а остатокот го произлегува од самиот црн дроб.

Второ, холестеролот не е нешто што природата го создала против човекот. На човекот му е потребен холестерол, многу хормони се синтетизираат од него, исто така создава клеточна мембрана, тој е неопходен за човекот! Но, кога го има премногу, односно оној „лошиот“ со мала густина – ЛДЛ холестеролот – тогаш имаме проблем.




Триглицеридите не доаѓаат од масна храна, тие доаѓаат од шеќерот, јаглехидратите, пре-терани количини на овошје, на пример. Ако имате покачено ниво на триглицериди, тогаш тоа не е резултат на тоа што сте јаделе свинско месо, туку сте јаделе многу бел леб, колачи, рафинирано брашно – во тоа е проблемот…




ПРАШАЊЕ: Па тогаш како да прочисти организмот и да се нормализира нивото на холестеролот?

ОДГОВОР: Повторно се враќаме на храната, бидејќи сè зависи од неа. Многу е важно да водите уреден живот, да се хидрирате, бидејќи црниот дроб многу сака вода – ова е од пресудна важност. Потребно е да се внесуваат оптимални количини на растителни влакна (растворливи и нерастворливи). Потребно е да се јаде храна која ја сака црниот дроб, а тоа се горчливи работи како што е линцурата, глуварчето, корен од чичок и слично…

Ако имате високи триглицериди, исфрлете ги сите јаглени хидрати и сите вештачки шеќери – јадете храна богата со здрави масти (домашна маст, маслиново масло, растително масло добиено со ладно цедење, храна богата со холин (сланина, јајца), јадете лосос, скуша, сите здрави масти …). Црниот дроб не може да се исчисти со сокови, особено не со оние што ги купувате.




ПРАШАЊЕ: Во прочистувањето не може да помогне дури ни оној сокот од цвекло, морков и јаболко?

ОДГОВОР: Тоа е веќе нешто друго, тоа е природен сок и одличен е. Јас мислев на оние купечките, овошни сокови што се продаваат. Овие сокови содржат огромни количини на фруктоза, па луѓето си мислат дека станува збор за природен шеќер што го содржат овошјата.

Но, во купечките сокови тој се содржи во опреголеми количини за да се добие сладост на производот, но исто така предизвикува и создавање на маснотии во телото. Оваа голема количина на фруктоза ги зголемува и триглицеридите и холестеролот во телото.




ПРАШАЊЕ: Дали тоа е истата фруктоза која се содржи во овошјето?

ОДГОВОР: Не е. Производителите го нагласуваат ова како овошен шеќер. Тој е ист како овошниот шеќер според структурата, но фруктозата што се вметнува во индустриските производи, е направена од пченка (тоа е таканаречениот гликозен-фруктозен сируп), не се добива од овошје.

И не сите плодови се безбедни. Може да кажеме дека најдоброто овошје е бобестото, бидејќи тоа не е опас-но. Бобестото овошје содржи фитонутриенти кои ги спречуваат активностите на шеќерот да му наштетат на телото. Тие постепено го разградуваат шеќерот и не го зголемуваат гликемискиот индекс.




ПРАШАЊЕ: А што е со инсулинот?

ОДГОВОР: Инсулинот е голем проблем за нашето здравје и за деток-сикацијата и црниот дроб. Штом инсулинот е покачен, маснотиите започнуваат да се депонираат. Не можете да ги отстраните маснотиите од вашето тело и црниот дроб ако вашиот инсулин е висок. И инсулинот е секогаш висок кога внесувате шеќери и јаглехидрати (пити, леб, колачиња).




А што се случува тогаш: кога има премногу шеќер, тој се враќа во црниот дроб, а тој му дозволува остане тука како добар домаќин, затоа што мисли дека ќе му биде потребен и за утре, задутре, па кога има доволно холин, тогаш се депонира во масните ткива, а кога нема холин, тогаш се покачува нивото на триглицеридите и лошиот холестерол, па доаѓа до создавање на проблеми. / НМД.мк