Д-р Воислав Перишиќ честопати јавно се застапува за здрава исхрана и природен начин на лекување, а неодамна со гледачите на утринската програма на ТВ Прва сподели едноставен рецепт за домашна боза.

боза – Павлоска




„Сварете пет литри вода со 500 грама пченкарно брашно, една коцка свеж или кесичка сув квасец и 200 грама шеќер“, објасни гастроентерологот. „Велат дека би биле потребни 400, грама но не ви требаат повеќе од 200 грама, тоа е доволно.




Карамелизирајте го малку шеќерот за бозата да добие боја, па сварете ја и изладете ја. Оставете да отстои неколку дена во ладен шпајз или фрижидер, најдобра е после петтиот ден.




Тогаш започнува ферментацијата, и дури тогаш се пие, а после тоа почнува да „реже“ и повеќе да кисели поради ферментација. „Бозата може да остане во фрижидер вкупно десет дена“, рече тој.




Попyларниот д-р Воја нагласи дека бозата содржи витамини од групата Б, кои се одлични за нepвниот систем, па добрата „работа“ на нepвите ќе биде првата придобивка. Исто така, бидејќи во бозата има квасец и е полнa со пробиотски квасци кои ја поддржуваат цревната флора, овој напиток е идеален за дигестијата и чистењето на цревата.

Во продолжение прочитајте го рецептот на нашиот член од групата НМД рецепти, Драган Страшеноски, кој со својата сопруга Галина ги изнајдоа идеалните пропорции на состојките за подготовка на познатата манастирска боза:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 литри вода, 200 г пченкарно брашно, 600 г шеќер, 2 лимони, 1 полна лажичка сув квасец.

ПОСТАПКА: Во посебен сад се мешаат пченкарното брашно со дел од водата. (Коментар на Кристина Арабаџиева: брашното претходно треба на суво да се пропржи додека да добие румена боја. Се користат три вида брашно од пченка, пченица и ‘рж, според најстариот рецепт, но може и само пченкарно).




Остатокот од водата го ставаме на оган заедно со шеќерот да зоврие. Откако ќе зоврие се додава смесата од пченкарно брашно и вода. Се остава да се вари околу 10 минути со повремено промешување, а потоа се трга на страна и се остава да се олади (исто така, повремено треба да се промеша).




Откако ќе се олади смесата до собна температура, се додава квасецот и сокот од два исцедени лимони. Целата смеса добро се блендира / се меша и се остава да ферментира 24 часа на собна температура.




Откако ќе заврши ферментацијата, (бозата се процедува*) се собрира во стаклени, претходно стерилизирани шишиња и се става во фрижидер да отстои уште 6-8 часа. Потоа може да се пие. Оваа боза се карактеризира со понежен вкус во однос на купечката. Рецепт на Драган и Галина Страшеноски.

*ако останат зрнца од пченката, може да продолжи вриењето иако шишињата сте ги ставиле во фрижидер.