Витаминот К поттикнува згрутчување на крвта и може да биде фатален за срцето, па поради тоа пациентите со болести на срцето треба да бидат особено внимателни.

Руската докторка Елена Малишева го нарече овој нутриент “уби-ец”, бидејќи може да доведе до појава на тромбоза, а која може да предизвика инфаркт, белодробна емболија…

Витаминот К припаѓа во групата на витамини растворливи во масти, познат уште и како коагулациски или антихеморагичен витамин. Има голема улога во згрутчување на крвта и учествува во процесот  на запирање на  крварењето.

Препорачаната дневна доза од овој витамин е многу мала и различна во зависност од возраста, полот и тежината. За возрасни се препорачува  дневна доза  од  120 микрограма на ден за мажи и  90 микрограма за жени.  За деца до 7 години 10-20 микрограма на ден.

Најмногу е застапен во листовите на див костен, во билките како босилек, жалфија, мајчина душица, магдонос (две лажички магданос содржат дури 153 % од дневните потреби на организмот), коријандер, мајоран. Исто така го има во зелениот зеленчук како брокула, зелка, кинеска зелка, кељ, карфиол, спанаќ, марула, млад кромид, црвена зелка, рукола и целер.

Го има и во киви и во некои растителни масла, од кои најмногу во соиното масло. Животински продукти содржат многу мали количества од овој витамин. Витамин К1 се создава во цревата од цревните бактерии. Витамин К2 се наоѓа во жолчката од кокошка, телешки црн дроб, различни видови сирења и производи од ферменитирани зрна од соја.

Иако витаминот К во организмот е многу значаен за различни процеси, доколку се зема во нормални дози, сепак, преголемите количества можат да бидат штетни, особено за луѓето кои веќе патат од тромбоза.

Под тромбоза подразбираме создавање на грутче (тромб) во вените од нозете. Кога доаѓа до затнување на крвниот сад, тогаш е отеженат протокот на крвта која треба да се врати во срцето.

Кога целосно ќе се затне, низ тој крвен сад воопшто не може да помине крвта. Поради слаба циркулација крвта тече поспоро во вените, а понекогаш доаѓа и до застој во протокот.

Чести се и промените на ѕидовите од вените или пак доаѓа до пореметување на способноста за коагулација на крвта. Крвните плочки, црвените и бели крвни зрнца се трупаат и се создава тромб.

Оваа болест често е поврзана со годините, неактивниот начин на живеење, исхрана и постоечки кардиоваскуларни проблеми. А посебно е важно за оние кои земаат антикоагуланси (разредувачи на крвта), да обратат особено внимание.

Овие лекови помагаат во борбата против создавање на крвни згрутчувања, меѓутоа постојат супстанции кои го блокираат нивниот ефект.

Најопасна намирница меѓу нив е најобичниот магдонос. Имено, магдоносот содржи доста витамин К, кој поттикнува згрутчување на крвта.

Кога крвните згрутчувања ќе се формираат во крвните садови и нема да се “растворат”, тоа може да доведе до фатални последици – предупредува д-р Малишева.

Симптоми дека се појавил тромб се следните: мал оток на нозете, болка во листовите, чувство на оган или тежина во нозете, црвенило на кожата. Во повеќето случаи пациентите бараат лекарска помош дури кога тромбот доста ќе порасне и станува тежок за третирање.

Со влошување на состојбата, во пределот каде се создал тромбот се зголемува отокот, а местото помодрува. Ако не се третира соодветно, ногата во кога се наоѓа тромбот може да поцрни. Тромб во нога обично се создава во вената од бутот, листот или околу скочниот зглоб.

Чудесен лек за проширени вени и тромбоза. Овој лек се пренесувал од колено на колено, поради неверојатните ефекти кои ги дава.

Потребни состојки:

1 чаша овчо млеко и 1 бебешки сапун

Постапка:

Изрендајте го сапунот и ставете го во млекото. Лекот чувајте го во фрижидер.

Лекување: Ставете ја мешавината врз компресии и нанесете ги како облога на проблематичните делови. Втријте ја смесата нежно со движења нагоре-надолу, трипати дневно, а во меѓувреме оставете облогите да делуваат. После некое време ќе бидете изненадени од резултатите.