Болните ранички во аглите на усните најчесто спонтано поминуваат, но до компликација доаѓа доколку тие се инфицираат со бактерии, најчесто од валкани раце или габички кои природно се наоѓаат во усните.
Болните ранички во аглите на усните најчесто се јавуваат поради недостиг на витамини и минерали, пад на имунитетот и анемија. Се појавуваат и доколку усните испукаат од ветер, поради нестручно вградени протези, премногу лачење на плунка, како и поради постојано лижење на усните.
Болните ранички во аглите од усните во медицината се наречени cheilitis angularis и тие најчесто спонтано поминуваат.
До компликација доаѓа доколку тие се инфицираат со бактерии, најчесто со валкани раце или од габичките кои природно се наоѓаат во устата. Во тој случај раните стануваат значително поголеми, може да загнојат и најчесто не можат спонтано да поминат туку неопходна е терапија со антибактериска или антигабична маст.
При појава на ранички на устата најдобро е да се побара лекарска помош, за да се утврди причината за оваа појава. Дефицит на витамин Б исто така е многу честа причина за пукање на кожата кај луѓе кои лошо се хранат или не внесуваат намирници од животинско потекло.
Пред појава на раничка во аглите од усните, кожата најпрво поцрвенува. При поголемо отворање аглите пукаат, а може и да крвават. Присутно е и пецкање, како и болка при џвакање и говор, па поради тоа луѓето ги влажнат усните со јазик и се допираат со прсти.
-Штом се појават ранички, би требало да се подобри хигиената на рацете и лицето, исхраната да се збогати со витамини и минерали, а доколку нема инфекција може да помогнат и кремите кои го забрзуваат зараснување и регенерацијата на нежната кожа од усните.