Сувите смокви се достапни во текот на целата зима, па така секогаш може да се приготви познатиот лек “Суви смокви во маслиново масло”. Оваа комбинација од медитерански намирници претставува лек за бројни болести.
Смоквата е многу ценето овошје кое многумина го одгледуваат во својата градина како украсно дрво, поради своите егзотични листови.
Билката најдобро успева во топлите краеви, близу море, но може да се одгледува и во континентални предели. Единствен проблем се ниските температури.
Смоквите содржат доста калциум, калиум, цинк а претставуваат и добар извор на железо, потоа бета каротен, Ц, А, Е и К витимини.
Сувите смокви се повеќе калорични отколку свежите, па затоа треба да ги јадете во ограничени количини, особено ако имате проблем со вишок килограми.
Ова овошје ја подобрува дигестијата, помага при хемороиди, а придонесува и за регулирање на холестеролот.
Поради високиот процент на калциум кој го содржат смоквите, тие можат да ги заменат млечните производи, а важат и како природен афродизијак.
Постојат лица кои се алергични на смокви, па треба да се води сметка на толеранцијата на ова овошје.
РЕЦЕПТ ЗА СУВИ СМОКВИ ВО МАСЛИНОВО МАСЛО:
Околу 40 смокви наредете во тегла, а потоа налејте со маслиново масло до врв. Теглата затворете ја и чувајте ја 40 денови. Смоквите доста ќе впијат од маслиново масло во себе.
Употреба:
Пред секој оброк да се изеде по една смоква.
Секако, треба да се води сметка за приготвување на овој рецепт да се користи поквалитетно маслиново масло, како и квалилетни суви смокви.
Овој стар народен рецепт ќе помогне и при проблеми со желудникот, при хемороиди, опстипација, зголемен холестерол, неплодност, анемија, астма и бронхитис.