Докажан метод кој гарантирано функционира против бубашбавите…
Бубашвабите се проблем кој не поминува сам по себе. Бубашвабите или лебарките се секогаш непоканети и непожелни гости. Затоа, секој што има бубашваби во својата куќа сака да се ослободи од нив.
Како засекогаш да се ослободите од бубашвабите:
Земете 1 сирова жолчка од јајце, истурете 30-50 г прашок од борна киселина во неа (боракс или прав од борна киселина). Мешајте додека да се добие густа смеса.
Од оваа смеса направете топчиња со дијаметар од околу 1-2 см. Почекајте да се исушат (околу еден час) и распоредете ги низ целата куќа на места и агли каде најчесто ги има лебарките.
Обратете посебно внимание на кујната и бањата. Не заборавајте дека местата треба да бидат видливи, не од ваша гледна точка, туку од гледна точка на лебарките: површината на полиците, решетките, плакарите, кујнските елементи и сè што е потскриено од вашите очи.
Бубашвабата нема да ја почувствува маскираната топка со борна киселина, но дефинитивно ќе и пријде од љубопитност. Ќе ја допре со мустаќите и тогаш ќе настапат нејзините проблеми.
На почетокот ќе ви се чини дека лебарките мирно им приоѓаат на топчињата и се шетаат околу нив и врз нив, но само после 3-4 недели ќе започнете да го чистите станот од купишта изумрени бубашваби.
Ако по 6 месеци повторно се појават, тоа значи дека женките (или само една) успеале да снесат јајца и се извеле нови генерации. Методот на борба е ист. Понекогаш лебарките можат да дојдат од кај соседите…
Борната киселина се користи за дезинфекција, 3% борна киселина е acidi borici, раствор за испирање надворешно (антисептик).
Доколку не најдете борна киселина во прав, користете 3% раствор на борна киселина.
Една сирова жолчка измешајте ја со 100 мл борна киселина и додајте малку брашно и замесете ги топчињата.
Во некои рецепти се додава и шеќер: 1 жолчка, малку шеќер, 70 г борна киселина…По потреба се додава и малку млеко и брашно за да се добие тесто, а откако ќе отстои 15-30 минути се прават топчињата.
ЗАБЕЛЕШКА: Секогаш користете заштитни ракавици, очила и маска кога ракувате со хемикалии и претходно консултирајте се со вашиот лекар.