Колачот веднаш се разграбува штом ќе го принесам на маса. Буквално никој не може да му одолее, но и како би можел, ако се земе во предвид неговиот состав: ги содржи најубавите и највкусни состојки.
Комбинацијата од ореви, чоколадо и кекси многумина не ги остава рамнодушни. Се приготвува многу едноставно и не ви е потребно многу време. Исто така, не бара некоја посебна вештина, па можат да го приготвуваат и почетници.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 2 јајца, 100 г шеќер, 160 г брашно тип 500 сенаменско, 1 кесичка прашок за печиво, 100 мл масло, 50 г мелени ореви, 200 мл млеко. За фил: 8 лажици млеко, 8 лажици шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 120 г путер, 120 г мелени ореви, 80 г мелени кекси, 100 г чоколадо за готвење.
ПОСТАПКА: Во подлабок сад пенасто изматете изматете две јајца со постепено додавање на шеќерот. Матете додека шеќерот да се растопи и да добиете густа смеса. Во тенок млаз додајте го маслото и продолжете со матење.
Додека непрекинато матите со миксерот (може и на намалена брзина), започнете постепено да додавате 160 г брашно. На крај додајте една кесичка прашок за печиво и 50 г мелени ореви.
На јрај додајте и една чаша (200 мл) млеко. Изматете кратко со миксерот за да се соединат сите состојки во изедначена, хомогена смеса. Плех со димензии 18х30 см или слични, намастете го и наросете го со брашно, а вишокот истресете го.
Плехот доколку сакате можете и да го обложите со хартија за печење. Потоа излејте ја подготвената смеса, протресете за да се изедначи рамномерно, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени.
Колачот се пече околу 20 минути, во зависност од вашата рерна, но најдобро е да проверите со чепкалка, кога е готов колачот чепкалката треба да излезе сува. Печениот колач извадете го од рерната и оставете го целосно да се олади.
Во едно тенџере ставете 8 лажици млеко и 8 лажици шеќер. Промешајте, па додајте една кесичка ванилин шеќер и варете на умерен оган додека убаво да се растопи млечниот сируп.
На крај додајте 120 путер/маргарин и мешајте додека да се растопи и инкорпорира во сирупот. најпосле, додајте околу 100 г чоколадо за готвење, искршено на коцки. Уште малку гответе со непрекинато мешање.
Кога смесата целосно ќе се растопи и изедначи, додајте 120 г мелени ореви и 80 г мелени кекси. Промешајте за да се соедини. Добиениот фил има предобар вкус, и додека е топол прелијте го врз ладната кора, распоредете и израмнете.
Одозгора наросете мелени ореви. оставете да се олади, па сечете го на коцки и послужете го. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Колачот навистина има неодолив вкус, ќе ве воодушеви.