Самса е традиционална српска пита и секоја домаќинка ја подготвува на свој начин. Јас по мајка ми сум од Србија, но се омажив тука, па баба ми често ми велеше, додека не го научам овој рецепт дека не можам да се омажам. Гледам дека и тука питата се прави на сличен начин, но не знам како ја нарекуваат.




Во секој случај има 3 состојки кои секогаш се користат, а тоа се лукот, корите и кајмакот. Постои верување дека млада девојка која не знае да прави самса не може да се омажи. Па според тоа верување, јас пред да се омажам, го научив рецептот и сега можам да го подготвам и со мижење, толку е лесна подготовката. Еве што ви е потребно за да ја направите:

ПРВ РЕЦЕПТ – Фото и рецепт на Јела Јелена Петровиќ / „Бакина кујна“




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 500 г тенки, готови кори, 300 мл газирана вода или обична, 80 мл масло, 15 г квасец, 9 лажици брашно, 200 г кајмак или кисела павлака, 200 гр кисело млеко или јогурт, 4 чешниња лук.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ – ПРОСТА ПИТА СО КАЈМАК КАКО РОЛАТ) ЗА ТЕСТО: 650 г брашно, 1 кесичка сув квасец, 250 мл млеко, 100 мл вода, 2 јајца, 1 лажичка сол, 50 г маргарин, 3 лажици кајмак. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 5 лажици кајмак и 250 г фета сирење.




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во еден подлабок сад издробете го квасецот, па одозгора прелијте со млаката вода и додајте 1 лажичка шеќер и енергично промешајте до соединување. Оставете го квасецот да набубри во водата, околу 5 минути, да се активира, а потоа додајте го маслото и брашното.




Брашното не мора претходно да се просејува. Измешајте ја смесата додека да нема грутчиња од брашното. Конзистентноста треба да биде како смеса за палачинки. Филот е подготвен, така што може да започнете со редење и филување на корите.




Секоја кора се премачкува со две помали кутлачи (или една поголема) од преливот кои е потребно да се разлеат преку целата кора, со помош на кујнска четкичка. Вака филуваната пита завиткајте во ролна. Завиткајте го ролатот во круг како мала пита, со изглед на црв.




Вака подготвените питички се редат во подмачкан плех или обложен со хартија за печење. Одозгора премачкајте ги со масло и печете околу 35 минути на 200 степени, во претходно загреана рерна, додека да поруменат. Правите онолку питички колку што ќе имате од преливот.




При редење на питичките во плехот, спојте ги, да се добие изглед на погача. Јас немам пробано да ги правам со по две кори, но мислам дека вака се повкусни, ако се потенки. По печењето, во сад измешајте ги кајмакот, киселото млеко и испасираниот лук, поминат низ преса.




ПРВ РЕЦЕПТ – Фото и рецепт на Јела Јелена Петровиќ / „Бакина кујна“

Кога ќе се испечат питичките, прелијте ги одозгора со филот. Најдобро е да користите кајмак за филот, така е во оригиналниот рецепт, наместо кисела павлака. Фото и рецепт на Јела Јелена Петровиќ / „Бакина кујна“. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Следи постапката и за вториот рецепт:

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во еден сад измешајте 350 г брашно, квасец и сол. Соединете добро, а потоа се прелива млакото млеко и водата, па се додава маргаринот на собна температура, јајцата и кајмакот.

Фото и рецепт на Весна Павловиќ




Сѐ се меша, па постепено се додава преостанатото брашно и се замесува тесто. Покријте и оставете го да отстои половина час на собна температура, покриено со пластична фолија или памучна крпа. Добиеното тесто префрлете го на набрашнета работна површина, па поделете го на 2 еднакви делови и обликувајте топчиња.




Секоја топка формирајте ја во круг. Во сад измешајте ги кајмакот и издробеното сирење, па соединете. Развлечете го тестото, премачкајте го со филот и свиткајте го како ролат. Двата ролати се ставаат во плех обложен со хартија за печење и се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 40-тина минути.

По печењето, ролатите се оставаат малку да се оладат, па се сечат на помали парчиња со дебелина по ваша желба и се послужуваат како појадок, вечера или предјадење. Фото и рецепт на Весна Павловиќ.