Во народната медицина, глуварчето како лек се користи за секакви болести. Билкарите препорачуваат негова употреба кај болести како што се атеросклероза, воспалителни процеси во бубрезите и црниот дроб, како и камења во жолчното кесе и бубрезите, холециститис, гастритис со ниска киселост, ниско ниво на калиум во организмот, цироза.




Нашите баби советуваа да се зема при ослабен организам, при некакво трyење, кога ќе се појават отоци и други разни тегоби на зглобовите. Па така, порано глуварчето често било на менито, особено напролет.

Штом започне пролетта, глуварчето е меѓу првите билки кои ги раззеленуваат тревните површини. Напролет се бере глуварчето, се подготвуваат салати, а зимно време се јаде мед од глуварче се пие чај приготвен од цветовите и корењата на оваа моќна билка.




Сончев еликсиp за долговечност и за здравје на децата

Напладне на убав сончев ден се собираат жолтите цветови кога најшироко се отворени, бидејќи тогаш имаат најмногу витамини. Веднаш се полни тегла со цветовите, а после секој слој се става шеќер, обичен или интегрален.

Кога теглата ќе се исполни до половина, внимателно се затвора и потоа се остава да стои на сонце сè додека да се растопи сиот шеќер и да се претвори во еликсир – кафеав екстракт со пријатен вкус. Од овој сируп се додава по една лажичка во чај или некој друг пијалак, а најдобро е така да се јаде, наутро на празен стомак.




За сите оние кои имаат ослабен организам и се подложни на херпеси, особено на устата и околу носот, треба да јадат по 7-10 цветови еднаш неделно, во текот на целиот период на цветање. Цветовите треба да се исчистат од зелениот дел, слатки се по вкус, со мирис на мед. По ваквиот третман организмот се прочистува и зајакнува, па ќе заборавите на досадните осипи.




За прочистување на црниот дроб: се берат 200 цветови од глуварче (треба да бидат чисти набрани од еколошки чиста средина за да нема потреба од миење), се преливаат со еден литар вода и се ставаат на оган. Штом зоврие водата се намалува температурата и под капак се динстаат цветовите 25 минути.




Потоа се трга настрана додека да се олади, па се процедува и добро се истискуваат цветовите низ газа. Во течноста се додава 1 кг шеќер и се готви на тивок оган додека да згусне. По желба додајте малку лимонов сок за да не шеќердисува сирупот. Се зема двапати на ден наутро и навечер по една лажичка растворена во чаша млака вода.




Ревматизам. Цветовите на глуварчето се ситнат, се додава иста количина шеќер, се промешува. Ставете во фрижидер недела ипол во затворена тегла. За тоа време ќе се формира течна конзистентност. Земајте по една лажица еден час пред јадење, еднаш дневно.

Третман со сок од глуварче

Многу високо е оценет сокот од глуварчето кој има одличен зајакнувачки и тонирачки ефект врз човечкото тело. Која е употребата на сокот од глуварче? Го зајакнува телото, го ублажува воспалението во желудникот, кај хроничниот запек делува како благ лаксатив, делува како peгенератор на црниот дроб и жолчното кесе. Исто така, сокот има антипиретично дејство.




Во рана пролет, сокот од глуварче добиен од листовите е многу корисен. Листовите се мијат добро, се оставаат 20-30 минути во концентриран солен раствор, повторно се исплакнуваат со ладна вода, се попаруваат со топла вода, се мелат и се цедат преку густа крпа, а добиениот сок се разредува со вода 1:1 и се вари 2-3 минути. Се зема четвртина чаша (50 мл) 20 минути пред јадење 2 пати на ден.




При заболувања на ‘рбетот и коските, како и за зајакнување и подобрување на општата состојба на забите, се препорачува да се користи смеса добиена од сок од глуварче, моркови и листови од репка. Исто така, сокот од глуварче може да се меша со други диви лековити растенија. За да го зајакнете телото потребно е да се јаде по 2-3 лажици од ваквата смеса.




Користете листови и корења од глуварче за хронично заболување на црниот дроб како средство за намалување на холестеролот во кpвта. Се препорачува следниот лек: ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 20 г корен од глуварче и100 мл домашна ракија 40-50% ПОСТАПКА: Состојките се затвораат во стаклено шише или тегла и се остава 21 ден со секојдневно протресување.




По изминати три седмици смесата се процедува и се пие по 20 капки, трипати дневно. Коренот се бере напролет или уште подобро наесен кога е најмногу лековит, но при копањето мора да се внимава да не се оштети за да не му истечат соковите. Се мие добро, се суши од водата па ситно се сечка внимавајќи да се сочува и сокот кој ќе истече за да се помеша со ракијата.