Кога станува збор за џигерот понекогаш не можете да знаете дали ќе ви излезе доволно мек или ќе биде преполн со жили. Секогаш е важно да одбирате квалитетни парчиња, што во најголем случај го одредува успешниот ручек. Со овој сос кој се подготвува многу едноставно ќе се уверите дека и најевтиното месо излегува меко како локум.




За разлика од јунешкото месо, овој џигер од телешко се подготвува многу брзо и подготовката е многу полесна и побрза. Во продолжение прочитајте два рецепти кои вреди да си ги запишете, за разновидност во вашите оброци.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): телешки џигер (големина по ваша желба, колку што правите вообичаено), 2 чешниња лук, 1 главица кромид, околу 150 мл вода, малку магдонос, 2 лажички доматен сос или доматно пире, зачини.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 300 г пилешки џигер, малку брашно, сол по желба и 50 мл масло.




ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Џигерот измијте го и добро исушете го за да не остане влага на него. Исечете го месото на ленти со остар нож, па потоа земете 2 чешниња лук и нив исечкајте ги на ситни коцки. Потоа кромидот се сече покрупно, па се става во блендер да се измеле на ситно, а ако немате блендер, може да го исечете на рака.




Намастете малку едно тавче кое не се лепи и почекајте маслото да се загрее. Во загреаното масло, ставете ги лентите од телешки џигер и пропржете ги рамно 2 минути, со повремено мешање. Потоа додајте го измелениот кромид и пржете додека тој да ја испушти својата арома и да застакли.




Кога месото ќе посиви и ќе фати коричка, а кромидот ќе ги испушти своите течности, покријте со соодветен капак и динстајте вкупно 5 минути на ниска температура. По изминатото време, зачинете го месото со зачини по ваш вкус (сол, црн пипер, црвена зачинска слатка/лута пиперка, лук во гранули, вегета…)




Измешајте ги зачините за да се распоредат рамномерно низ месото и повторно покријте со капакот за да се продинста месото уште 5 минути. Потоа, кога течноста ќе почне да испарува додајте 100 мл вода, промешајте, па тогаш додајте го ситно сечканиот кромид.




Настрана ситно исечкајте малку магдонос, па додајте го заедно со лукчето. Покријте со капак да се продинста уште 2-3 минути. Додајте 2 лажици доматен сос/доматно пире, промешајте, па во месото дотурете уште малку вода (одокативно, додека да се направи вкусен сос). Доколку е потребно додајте уште зачини и динстајте уште 5 минути.




Кога ќе се формира густ сос, може да го тргнете тавчето од рингла и да послужите со свежо печено лепче, помфрит и салата. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Загрејте го маслото во тава, наросете го црниот дроб во брашно и спуштете го на врелото масло. Намалете ја температурата на средно, поклопете со капак и динстајте 5 минути.

Потоа посолете свртете од другата страна и поклопете и динстајте уште неколку минути на најниска температура. Внимавајте да не изгори по солењето. Послужете со зеленчукова чорба или како мене овој пат со компири. / Coolinarka.com