Се чини дека супата од зелка која летно време ја прават многумина кои се на диета, сепак е омилено јадење и во постудените денови, бидејќи пред сè е многу здрава, диетална е, овозможува да се осло-дите од ви-шокот ки-лограми, но исто така, таа е и многу вкусна. Ова е рецепт за една нејзина верзија:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 главица зелка со средна големина, 450-500 г моркови, 1 голема главица кромид, 6 чешниња лук, 800 г доматен сос, 800 г домати на парче, 1 лажичка оригано, 1 лажичка црн пипер, по половина лажичка гранули сув лук и кромид, 1 лажичка чили (лут црвен пипер), 1 лажичка сол или по вкус, лут сос и 1 целер (стапче или една главица со лист)
ПОСТАПКА: Главицата зелка ислистете ја од надворешните листови, отстранете и го тврдиот дел (кочанот), па исечете ја на крупни парчиња. Исечената зелка ставете ја во длабок лонец или големо тенџере.
Потоа ситно исечкајте ги морковите, на тркалца или коцкички, како вам повеќе ви одговара, па и нив додајте ги во тенџерето со зелката. Исчистете една главица кромид, исечете ја ситно, а истото сторете го и со лукот.
Целерот измијте го и исчистете го, па доколку сте набавиле стапчиња со лист, ситно исечкате ги и додајте ги во останатиот зеленчук, а доколку сте набавиле главица зелер, истата излупете ја од коренчињата, па потоа исечкајте ја ситно. Кој сака може да го користи само листот, но коренот е многу лековит и корисен, ба добро би било и него да го ставите.
Во тенџерето додајте палети домати една тегла или конзерва, и околу 500-800 г доматен сос/пире. Во овој рецепт се додаваат околу 1,5 кг домати, а вие ставете какви сакате по ваш вкус.
На крај залијте со ладна вода, колку да се покрие зеленчукот. Додајте ги сите зачини по ваш вкус: оригано, црн пипер, црвен пипер, босилек, нане, чили, малку сол и лут сос, а по желба може да се додаде и магдонос.
Вака приготвениот зеленчук промешајте го, па ставете го на рингла да се готви на умерена до ниска температура. На почетокот вклучете на посилна температура за да може да зоврие, па потоа намалете на умерено и гответе 15 минути.
После 15 минути намалете на најниска температура и гответе уште половина час. Потоа проверете го зеленчукот дали е доволно омекнат, па доколку е потребно продолжете го готвењето уште 10-15 минути.
Зеленчуковата супа се готви приближно околу еден час. Може да јадете колку што сакате во неограничени количини. Многу е здрава и многу е вкусна, а може да ви помогне да се ослободите од вишо-кот масти во организмот. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.