Вистински раскош од вкусови, на прв поглед наликува на џемот од кајсии, но кога ќе го вкусите веднаш се развива вкусот на тиквата и портокалот…

Многу е важно само од портокалите добро да се отстрани белиот дел под кората, зошто тој дава горчлива нота. Од зачини може да ставите ванила бурбон, но и било кој друг зачин одговара на оваа комбинација.

Потребни состојки:

1,2 кг тиква, 40 г шеќер, 6 лажици темен мед, 1 лажичка цимет, 6 портокали, малку сол, по желба: ѓумбир, цимет, анасон, ванила…

Постапка:

Тиквата исчистете ја, исечете ја на коцки и ставете ја во тенџере со што помалку вода да се свари. Додадете и малку сол, па варете додека да омекне.

Варената тиква исцдете ја (јас ја варев во Zepter тенџере со многу малку течност која на крај ја оставив да испари), па со рачен миксер испасирајате ја во каша.

Во пирето од тиква додадете шеќер, мед и цимет и оставете да отстои 24 часа. Следниот ден додадете ги убаво излупените и исечени портокали, а кој сака нека додаде зачини по вкус или некој ликер.

Ставете го на умерен оган и варете го со постојано мешање до саканата густина. Врелиот џем полнете го во топли тегли. Одозгора ставете голија па затворете ги со капак. Потоа теглите пастеризирајте ги во рерна на 80 степени околу 15-20 минути.

Овој рецепт ми е најдобар, а џемот излегува ангелски. За да не добие горчлива нота од портокалите, важно е добро ги излупите од белиот дел кој се наоѓа помеѓу пулпата и кората.

Coolinarika.com