Најубавиот џем за колачи и палачинки!

Потребни состојки:

3 кг смокви (исчистени и исечкани)
900 г шеќер
3 лимони, грубо исечкана кора и сок
4-5 стапчиња цимет

Постапка:

Во една шерпа ставете 3 кг смокви (исчистени и исечкани), 900 г кристал шеќер, сок од 3 лимони. Тргнете на страна да отстои 10-12 часови и повремено промешајте.

Гответе на умерен оган 35 минути. Мешајте често и собирајте ги семчињата што ќе се собираат одозгора.

Додадете стапчиња цимет и исечкана кора од лимон. Продолжете со варење на умерен оган 25 минути, мешајќи почесто.

Теглите мораат да бидат чисти и стерилизирани во рерна. Врелиот џем складирајте го тегли.

Целата постапка можете да ја погледнете во видеото: