Рецепт на Драгана Ѓорѓевиќ. „Жарбо“ или „жербо“ коцките се настанати во Унгарија, како и сите колачи со ореви и џем од кајсии. Нивниот творец е Емил Жербо, познат слаткар од тоа време. Овие коцки постојат 150 години.

ЖЕРБО КОЦКИ: Фото и рецепт на Драгана Ѓорѓевиќ




Изворниот рецепт е сличен на овој, а единствената разлика е во јајцата. Стариот рецепт има само жолчки, а во рецептот на баба ми, т.е. овој, се става цело јајце. Ова е омилениот колач на моите дома. Највкусното парче е она последното, затоа што од стоење е многу убаво омекнато и сите вкусови се помешани..




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за 4 кори, плех 40х24 см): 500 г брашно, 100 г свинска маст, 100 г путер или маргарин, 1 јајце, 1 прстофат сол, 1/2 коцка свеж квасец (20 г) или 1 кесичка сув квасец (10 г) и 100 мл млеко.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ: 500 г џем од кајсии, 200 г мелени ореви, 100 г шеќер. ЗА ГЛАЗУРА: 150 г црно чоколадо, 4 супени лажици масло




ПОСТАПКА: Маста и путерот оставете ги на собна температура да омекнат, а потоа измешајте ги или изматете ги. Во млекото растворете го квасецот. Кога се замесува тестото сите состојки треба да бидат на собна температура.

ЖЕРБО КОЦКИ: Фото и рецепт на Драгана Ѓорѓевиќ




Во мешавината од маст и путер додајте го јајцето, мешавината од млеко и квасец, па со постепено додавање на брашното замесете мазно и масно тесто кое тежи приближно околу 900 г. Од тестото направете 4 топчиња, секое по приближно 220 г. Ова се точните мерки за сите оние ги интересира, а може да се прави и одокативно.




Од секое топче развлечете кора со величина на плехот, односно 40х24 см. Ставете ја првата кора, па преку неа рамномерно премачкјате 3 големи лажици џем. Потоа наросете една третина од мелените ореви и на крај една третина од шеќерот.

ЖЕРБО КОЦКИ: Фото и рецепт на Драгана Ѓорѓевиќ




ЖЕРБО КОЦКИ: Фото и рецепт на Драгана Ѓорѓевиќ

Поклопете со втората кора, повторно премачкјате џем, па наросете мелени ореви и на крај шеќер. Постапката повторете ја и со третата кора, а последната, четвртата кора густо избоцкајте ја со виљушка.

ЖЕРБО КОЦКИ: Фото и рецепт на Драгана Ѓорѓевиќ




Колачот оставете го да одмори 20 минути пред печењето, а за тоа време вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени. Потоа ставете да се пече во загреана рерна околу половина час. Кога колачот ќе биде испечен и оладен, прелијте го глазура од растопено чоколадо со 4 лажици масло (на пареа или на тивок оган).

ЖЕРБО КОЦКИ: Фото и рецепт на Драгана Ѓорѓевиќ




Жербо коцките се највкусни кога ќе отстојат, но кај нас тоа ретко се случува, се јадат во истиот момент. Пријатно сладење со попладневно кафе или убаво бело вино. Рецепт на Драгана Ѓорѓевиќ.

ЖЕРБО КОЦКИ: Фото и рецепт на Драгана Ѓорѓевиќ