Се приготвува навистина многу брзо, го сакаат и децата и возрасните, а најмногу го користиме за палачинки.

Потребни состојки:

700 г јагоди
150 г шеќер
1,5 лажица сок од лимон
2 лажички екстракт од ванила

Постапка:

Јагодите измијте ги и отстранете ги петелките, па исечете ги на парчиња со средна величина, да не се премногу ситни.

Јагодите ставете ги во шерпа и додадете шеќер. Поклопете со капак и почекајте да зоврие. Промешајте неколку пати и почекајте да се создаде бела пена која ќе ја отстраните со лажица.

Варете ги јагодите не подолго од десет минути, сметајќи го времето од кога започнале да вријат.

Последните две минути од варењето додадете малку сок од лимон и промешајте. Може да додадете и екстракт од ванила, по желба.

Добиениот џем складирајте го во стаклени теглички и чувајте го во фрижидер откако ќе излади на собна температура. Рок на траење има околу две седмици.

џем од јагоди