Минатата седмица го направив овој посен ручек и децата беа воодушевени, иако претходно не сакаа да слушнат за зеленчук. Сега сами ми бараат повторно да го направам. Рецептот го добив од колешката од работа, таа редовно го правела за ќерка и која е вегетаријанка. Потпечениот зеленчук е многу здрав, особено ако ги искомбинирате намирниците кои што ви се допаѓаат.
За да го подобрите вкусот на ова јадење, додајте уште 1 состојка која јадењето го прави покремасто и уште повкусно. Потпчениот зеленчук може да го послужите како прилог со риба, месо или како главно јадење. Се подготвува за помалку од половина час, а претходно треба да направите само запршка. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ – ПОСЕН РЕЦЕПТ): 3-4 лажички масло, 1 лажица паста од лук, доматно пире, 2 лажички црвена мелена пиперка, 1 и 1/2 лажичка италијанска мешавина од билки (или зеленчуков зачин), 1/2 шолја тиквички, 1/2 шолја слатка пченка, 1/2 шолја црвена пиперка, 1/4 шолја жолта пиперка, 3/4 шолја брокула, 1 мал компир, сол по вкус, 1 парче тврд кашкавал, 3/4 шолја моцарела.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 150 г кељ, 1 тиквичка, 2-3 лажици магдонос, 4 јајца, 1 главица кромид, 3 чешниња лук, 2 лажици крем сирење (Филаделфија), 1 шолјичка млеко, 1 лажица брашно, ½ шолјички сечкана сланина или панцета – кој што сака, ½ лажичка црн пипер, ½ лажичка сол или по вкус, маслиново масло.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Зеленчуците исечкајте ги на ситни парчиња. Најпрво исечкајте неколку чешниња лук (колку за вкус) или поминете ги низ преса (така е уште подобро). Црвената и жолтата пиперка исечкајте ги на ленти, па на ситни коцки. Пченката претходно сварете ја накратко, а тиквичките исечкајте ги исто така на помали коцки.
Компирот се сече на помали коцки, исто како и тиквичката, а брокулата се дели на помали гранчиња. По желба може да користите секаков зеленчук, не е ограничено, на пример да додадете морков или печурки, но може и да одземете некоја од состојките. Најпрво во тавче со загреано масло пропржете ја пастата од лук, па додајте 1 лажица доматно пире (со крупни парчиња од домати).
На тивко пропржете ги состојките додека доматното пире да почне да испарува, па потоа додајте ја зачинската, црвена пиперка и пржете на тивко. По 1 минути ставете го останатото доматно пире. Доматното пире може да го додавате постепено, ставете околу 1 цела чаша отприлика. Кога ќе биде зготвено, додајте ги сечканите зеленчуци, па сѐ заедно измешајте.
Гответе ги зеленчуците на умерена температура околу 10-тина минути или помалку. За ова време сиот зеленчук е потребно да се накваси во пирето и да добие кремаст изглед. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
Потоа, земете еден нелеплив плех или огноотпорен сад, намастете го и прелијте го зеленчукот со доматниот сос. Израмнете, па одозгора наредете ги сечканите парчиња тврд кашкавал и ренданата моцарела. Печете во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 10 минути.
ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Листовите од кељ измијте ги и ставете ги да се готват во малку вода, колку да бидат прекриени. Варете ги околу 7 минути а потоа процедете ги и ситно исечкајте ги.
Во подлабоко тавче додајте масло и ситно сечкан кромид. Доколку сакате да додадете и панцета или сланина (не мора), исечкајте ги што поситно, па додајте ги да се пропржат со кромидот. Пржете околу 3-4 минути. Во последната минута од пржењето додајте го лукот.
Додајте го исечканиот кељ и ситно исечканата тиквичка. Лесно динстајте околу 10-тина минути. Потоа, додајте брашно и пропржете 30 секунди, па полека долејте млеко со постојано мешање. Сосот треба да стане густ. Доколку е прегусто додајте уште малку екстра млеко или вода. Потоа зачинете со сол, црн пипер и додајте крем сирење и магдонос.
Смесата треба да биде доста густа, слична на пудинг. Тргнете од оган и оставете малку да излади. Додајте ги изматените јајца и добро промешајте. Тавата за печење премачкајте ја со путер или масло и излејте ја смесата во неа.
Прекријте ја тавата со фолија одозгора, но нека има отвор од страна. Ставете во рерна да се пече на 180 степени околу 35 минути. Последните 10 минути тргнете ја целосно фолијата за да се запече одозгора и да фати коричка. Деталите за првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ.