Драги домаќини и домаќинки, како вие го искористувате пирето што ќе ви остане? Јас од него правам крокети. Убави се и вкусни, крцкави однадвор, а меки одвнатре. Кога ќе ми остане пире од компир, а тоа обично се 5-6 лажици, јас во него додавам едно јајце и го соединувам матејќи со виљушка. Потоа додавам брашно и половина прашок за печиво.

Фотографии и рецепт на Вишња




Брашно додавам толку колку тестото да не се лепи на раце, но останува уште меко, но не се лепи многу на рацете. Потоа добро ја набрашнувам подлогата врз која го истурам тестото и го обликувам во валјак.




Со нож сечам парчиња, ги валам меѓу дланките и ги спуштам во врело масло. Маслото не смее да биде премногу врело за да не изгорат предвреме, значи крокетите пржете ги на умерен оган.

Фотографии и рецепт на Вишња




Исто така можете да ги валкате во презла пред пржење, но мене вака ми се убави. Напомена: не ставајте премногу брашно, тестото треба да биде меко, зошто ќе ви излезат тврди крокетите.

Фотографии и рецепт на Вишња.




Втора варијанта: во пирето додајте издинстано бело месо со кромид. Па земете готови кори, на секоја трета ставајте фил и свиткајте. Добивате 4 ролати. Премачкајте со масло и печете до златно-жолта боја. На крај прелијте со павлака и добивате совршена пита. / Фотографии и рецепт на Вишња.

Фотографии и рецепт на Вишња




II РЕЦЕПТ – Нешто брзо, лесно и едноставно за појадок или вечера – за 15 мин е готово! Фотографија и рецепт на Beti Josi (Klara Boss). Рецептот одамна ми беше запишан во тефтер, па прелистувајќи го, го здогледав и одлучив да го направам. Токму во вистинско време кога ни требаше нешто брзо, лесно и едноставно за вечера…




Потребни состојки: 1 јајце, 200 мл јогурт, 400 г брашно, 1 прашок за печиво, 1 лажичка сол, 130 г сирење, 130 г кашкавал, 130 г шунка, 1 лажичка оригано и 3 лажици кечап.




Постапка: Шунката, кашкавалот и сирењето се рендаат ситно. Од останатите состојки се замесува хомогено тесто, па се додаваат шунката, кашкавалот и сирењето на крај, кое го развлекуваме во кора на набрашнета работна површина, со дебелина од околу 0,5 см. Кората се сече на коцки.




Веднаш се пржат во загреано масло по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат, па се редат врз хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија. Служете ги топли, но вкусни се и кога се изладени, со чаша јогурт, кисело млеко или нешто по ваша желба.