Брз десерт со бисквити и чоколадо кој се прави додека трепнете. Овој непечен колач припаѓа помеѓу најстарите колачи кои некогаш се подготвувале и се јаделе со сласт. На трпезата кај баба, овој колач заземаше почесно место и се јадеше само на специјални денови. Направете си го овој незаборавен и безвременски рецепт кој ќе ви одземе околу 15-20 минути.

ПРВ РЕЦЕПТ

Тешкото е тоа што треба да се чека колачот да се олади во фрижидер. Потребни ви се неколку состојки за подготовка, а интересно е што филот може да го прилагодите според ваш вкус. Овојпат колачот го направив со какао бисквити и бел крем, многу ми се допадна. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 300 г темни биксвити (со какао), 800 мл млеко, 1 жолчка, 10 г ванилин шеќер (1 кесичка), 5 лажици шеќер, 5 лажици густин (скроб), 90 г путер, 50 г бело чоколадо. И УШТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 180 г чоколадо за готвење, 70 мл млеко, 50 г лешници.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 300 г бисквити (плазма или петит), 3 пудинзи од ванила, 9 лажици шеќер, 1 литар млеко, 200 г путер или маргарин, 1 ванилин шеќер (бурбон), 4 лажици кисела павлака, 4-5 банани, 200 мл слатка павлака за шлаг.

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Подгответе си калап со флексибилен обрач со димензии 30х20 см. На дното од калапот наредете еден ред бисквити, претходно натопувани во млако млеко. Обично за овие димензии на калапот се потребни 12 цели бисквити, по три во еден ред и уште 1-2 бисквити за пополнување на празниот простор на калапот.




Кога ќе го наредите првиот слој на бисквити, подгответе го белиот крем. Во едно тенџере сипете 800 мл млеко. Додајте 1 жолчка, 1 кесичка ванилин шеќер и 5 лажици обичен шеќер и исто толку густин, Промешајте ги состојките со жица/маталка, па ставете го тенџерето на рингла, вклучена на умерена температура.




Со повремено мешање, почекајте млекото да зоврие, па по зовривањето, намалете ја уште малку температурата на ринглата и варете уште 2-4 минути со константно мешање. Потребно е да се добие едноличен крем, без грутчиња, со средна конзистентност, како пудинг.

Тргнете го тенџерето од рингла и додајте 90 г путер, па измешајте до растопување. Веднаш потоа се додава и 50 г бело чоколадо и повторно смесата се соединува. Оставете го кремот малку да се олади, па поделете го на четири еднакви делови. Првиот дел премачкајте го преку првиот ред бисквити, израмнете, па ставете втор ред бисквити.




Преку вториот ред бисквити се премачкува со вториот дел од кремот, па се продолжува со редење уште двапати, на истиот начин. Потребно е да наредите четири слоеви од бисквити и кремот, а завршувате на последниот слој со кремот. Во меѓувреме започнувате со подготвување на глазурата:




80 г чоколадо за готвење, се меша со 70 мл и се става на пареа, додека чоколадото да се растопи и да се соедини со млекото. Тргнете ја смесата од шпорет, па исечкајте ги лешниците на поситни парчиња. Соединете, па прелијте преку белиот крем. Вака подготвениот колач се става во фрижидер на ладење минимум 3 часа, па се послужува. Следи постапката за вториот рецепт:

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Ставете го млекото, шеќерот и ванилиниот шеќер да зовријат. Од 1 литар млеко одвојте малку за разматување на пудингот. Сварете го пудингот вообичаено и додека е уште врел, додајте го во него путерот исечкан на листови. Промешајте додека тој да се растопи и соедини со пудингот.

ВТОР РЕЦЕПТ




Додајте и кисела павлака и повторно изматете. Бисквитите искршете ги, не мора да бидат многу ситни, па додајте ги во топлиот пудинг. Добро промешајте. Во плех со средна величина (претходно намастен со путер) излејте половина од смесата и израмнете.




Бананите пресечете ги на половина, наросете ги малку со лимонов сок и наредете ги една до друга. Излејте ја остатокот од смесата одозгора, израмнете и оставете да излади. Врз изладениот колач нанесете изматена слатка павлака како шлаг.

Можете да направите и чоколадна глазура така што во загреана слатка павлака ќе додадете искршено чоколадо. Промешаната смеса оставете ја малку да излади, а потоа нанесете ја врз колачот. / Сoolinarka.сom