Дeсерт за 1 минута без брашно, јајца и млеко, ќе го правите постојано од што е вкусно. Рецепт на Корисно и Брзо. „Овие ролати кои не се печат, а се подготвуваат многу едноставно, со сигурност можам да кажам дека ни се омилени дома.”
Во последно време ги правам на различни начини, а многу од читателите на НМД.мк ги бараат нивните различни вкусови. Буквално може да се прават од секакви состојки, да мешате комбинации, да додавате чоколадо, јаткасти плодови, а сепак на крајот резултатот е совршен со неодолив вкус.

![]()
![]()
![]()
![]()
За да го подготвите овој брз ролат ќе ви бидат потребни следниве состојки: 250 г бисквити, 100 г путер/маргарин, 150 г чоколадо за готвење, 50 г шеќер, 2 големи лажици какао, 1 голема лажица инстант кафе (може да користити нескафе).

![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во подлабок сад искршете ги бисквитите со раце на ситни парчиња. Потоа во помало тенџерче на рингла ставете го чоколадото искршено на коцки заедно со путерот/маргаринот и вклучете ја ринглата на средна температура.

![]()
![]()
![]()
![]()
Со повремено промешување почекајте состојките да се растопат и да се соединат. Кога ќе добиете чоколаден прелив тргнете го тенџерето од рингла. Потоа во него додајте го шеќерот и добро промешајте додека се растопи во топлиот чоколаден прелив.

![]()
![]()
![]()
![]()
Додајте го какаото и повторно промешајте. Во мала чашка ставете лажица инстант кафе (нескафе) и додајте ептен малку вода, отприлика со дебелина околу 1 прст.





Малку промешајте и вака подготвеното кафе додајте го во растопеното чоколадо и соединете ги сите состојки. Вака подготвениот прелив прелијте го врз чинијата со скршени бисквити.

![]()
![]()
![]()
![]()
Со помош на шпатула добро промешајте за сите бисквити да го впијат чоколадниот прелив и да се направи како смеса од полуомекнати парчиња бисквити прелиени со чоколадо. Не оставајте да падне течност на дното од чинијата.
![]()
![]()
![]()
![]()
Вака подготвената смеса префрлете ја врз хартија за печење во хоризонтален ред. Завиткајте кора како да правите ролат и подеднакво распоредете од смесата. Вие одлучувате со колкава дебелина и должина ќе го правите ролатот.
![]()
![]()
![]()
![]()
Јас тоа го направив отприлика со средни димензии (може да погледнете на видеото). Добро стегнете го ролатот во хартијата и добро завиткајте ги краевите. Ставете да се стврдне најмалку 2 часа во фрижидер.

![]()
![]()
![]()
![]()
По изминатото време, ролатот одвиткајте го од хартијата и ставете го на рамна чинија. По желба, целиот ролат наросете го со шеќер во прав, а потоа послужете со сечење на средни кругови. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.












