Денеска кога им ја послужив питата на гостите, сите се воодушевија и побараа рецепт…

Едноставна подготовка, лесна, слоевита…ммм премногу вкусна! Постапката е едноставна, па можат и почетници да ја направат. Пробајте ја, нема да се покаете. Одлична пита според рецептот на Маја.

Потребни состојки:

600 г брашно + уште малку за месење,
3 јајца,
250 мл ладна вода,
1 лажичка сол,
1 лажичка шеќер и
10 г свеж квасец.

За фил:
500 г овчо сирење и
100 г растопен путер или маргарин.

За полевање:
3 јајца,
200 мл млеко и
1 лажица шеќер

Постапка: во еден сад за месење ставете го издробениот квасец, сол и шеќер. Додавајте малку по малку вода и мешајте додека квасецот целосно да се растопи, па на крај додајте ја целата вода.

Јајцата изматете ги настрана и сипете ги во смесата. Потоа додавајте малку по малку брашно и мешајте додека да добиете лепливо тесто.

Тестото истресете го на добро набрашнета површина (ако е потребно додајте уште брашно) и месете околу 5-6 минути додека да се добие мазно, еластично тесто.

Тестото оставете го во намастен сад и покријте го со кујнска крпа да отстои 40 минути. Потоа поделете го на 5 топки.

Секоја топка развлечете ја во кора со дијаметар 25 см. Премачкајте ја со растопен путер и посипете дробено сирење. Кората свиткајте ја како ролат. Потоа ролатот малку развлечете го и виткајте го како кога цедите крпа.

Во намастена тава бр.30 наредете ги ролатите во спирална форма, започнувајќи од средината, направете круг и таму каде што завршува едната кора, ставете друга и продолжете така до крајот.

Помеѓу корите оставете малку простор, бидејќи тие ќе нараснат. Питата оставете ја покриена на топло место да отстои уште 15-20 минути.


Рерната загрејте на 180 степени, настрана пригответе го преливот. Јајцата изматете ги со виљушка или со жица. Додајте во нив млеко и шеќер, па добро изматете и прелијте преку питата.

Ставете да се пече околу 40-45 минути, а кога е готова покријте ја со крпа и оставете така да отстои 10-15 минути да подизлади. / Маја / Coolinarika.com