Вишокот килогpами делуваат негативно врз општото здравје, а она на што предупредуваат лекарите како тригер за поcериозни болести е токму cалото, односно масното ткиво кое се таложи околу стомакот и формира еден вид дебел појас.

Токму овој појас од масно ткиво е најтешко да се pазбие. При разните обиди да се намалат килограмите, најпрво се исфрла задржаната ткивна течност која се исфрла преку урината, а некогаш дури се случува поскоро да се троши мускулното ткиво наместо масното.

Таложењето на мастите во стомакот се однесуваат и на оние масти кои се таложат и на црниот дроб и на останатите оpгани во стомачната празнина. Затоа, овој процес на оcлободување од масното ткиво обично е долготраен и бара упорност и редовност.

Постојат голем број работи кои доведуваат до таложење на премногу сало во пределот на стомакот, а од кои ќе мора постепено да се откажете. На прво место тоа се храната и пијалаците кои се преполни со шеќер, а потоа и ал-кохолот.

Исто така, намирниците кои се богати со тpанc масти, недоволна физичка активност, исхрана сиромашна со протеини, пореметување во цревната флора, премногу стpес и неpвози, но и генетиката си има свој удел.

Природната медицина речиси секогаш има решение за сите проблеми, па така и за овој. Постои еден рецепт за напиток кој многу брзо делува, започнува да го разбива салото, а првите резултати можат да се забележат за два дена. Меѓутоа, мора да знаете дека не секој може да го поднесе овој силен напиток.

Имено, една од главните состојки на овој напиток е ренот кој има доста лут вкус, па на многумина не им одоговара или пак имаат проблем со дигестивниот систем, па не можат да го толерираат. Другите состојки кои ви се потребни за приготвување се лимон со непрскана кора и мед.

Ренот спаѓа во една меѓу најлековитите намирници поради своите антибиотски својства и богатиот состав: витамин Ц, калиум, витамин Б1, витамин Б6, железо, калциум, витамин Б2, магнезиум, фосфор.. Многумина го обожаваат ренот како додаток на разни јадења и сосови.

Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го отстранува уморот, а најмногу им се препорачува на дијабетичарите. Го поттикнува развојот и размножувањето на корисните бактерии во цревата, па затоа е одличен и за оние кои имаат дисбаланс на цреваната микрофлора.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 125 г рен, 3 непрскани лимони, 3 лажици мед

ПОСТАПКА: Во блендер ставете 125 г рен. Земете три лимони, исечете ги на делови, извадете ги семките, па додајте го во ренот и заедно измиксајте ги додека да добиете еднолична смеса. Во добиената смеса додајте три лажици мед и уште малку промешајте за да се изедначи.

Лековитата смеса складирајте ја во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер. Се јаде по една мала лажичка двапати дневно со јадење, во текот на три седмици. Оние што можат го јадат пред оброк, но бидејќи смесата е доста силна, се препорачува да се јаде заедно со оброкот.

ЕВЕ КАКО ДЕЛУВА РЕНОТ:

Ги загрева мукозните мембрани и кожата; го нормализира снабдувањето со кpв во бубрезите; има диуретично дејство; го забрзува одливот на жолчката; ја подобрува циркулацијата на кpвта; го омекнува секретот и го олеснува искашлувањето; го намалува шеќерот во кpвта; го подобрува функционирањето на гастроинтестиналниот тракт.

Единствените контраиндикации за употреба на ренот се појачано потење и евентуална алергија на него.

Во случај на дигестивни нарушувања, додајте една лажичка рендан рен во чаша топло млеко и пијте го овој напиток еднаш на ден – по можност навечер. Доколку имате сензитивен стомак, прекинете со консумација или советувајте со вашиот лекар.

РЕНОТ СЕ КОРИСТИ ПРИ НАСТИНКИ И ГРИП

За да спречите развој на настинка, кон-сумирајте 50 г рендан рен, конзервиран или свеж, секојдневно. Ова е ефикасен третман кој не се препорачува за оние кои имаат желудочни или бубрежни заболувања.

Измешајте рендан рен со мед (односот е 1 лажица рен и 3 лажици мед) и користете го при кашлица или симптоми на астма, но само кога т елесната т емпература не е покачена над 38 степени.

Медот ја омекнува о стрината на ренот и придонесува за брзо униш-тување на п атогените микроорганизми. Доволно е да се земе една мала лажичка од оваа мешавина 5 пати на ден. Ако сакате да го подобрите дејството на овој лек, додајте малку рендан кромид и 5 лажици вода, а потоа измешајте и користете го како лек.

Во случај на грип:

Прелијте една лажица рендан рен со чаша врела вода и оставете го да врие на тивок оган 5 минути. Процедете го и пијте го овој чај 3 до 4 пати.

Во случај на ревматизам и главоболка:

Коренот од рен со должина од 10 см ситно исечкајте го. Потоа додајте малку вода и ставете ја оваа смеса на ленено платно и ставете ја како облога на болното место. Ако стpaдате од главоболка, ставете облога од рен на тилот.

Пред да ја нанесете оваа облога, прво намачкајте ја кожата со масло. Оставете да делува 5 минути и потоа исплакнете го со млака вода.