Нивото на триглицеридите се враќа на нормално ниво и тоа за рекордно време од една недела. Со помош на овој напиток многу брзо ќе се ослободите од триглицеридите.
Ова е целосно потполно природен лек кој истовремено го чисти организмот од наталожените токсини во телото.
Веќе за само седум дена би требало да започне процесот за регулирање на мастите во крвта, додека конечните резултати се видливи после 2 месеци, кога е потребно да се направи анализа на крвта и да се проверат триглицеридите.
Потребни состојки:
1 кг лимон
400 г целер корен и лист
2 литри вода
свежо исцеден сок од зелени јаболка – по потреба
Постапка:
Лимонот измијте го во ладна вода и истретирајте го со сода бикарбона. Исечете го на тенки кругови и отстранете ги семките.
Во големо тенџере ставете 2 литри вода, па додадете го лимонот, исечен заедно со кората. Додадете изрендан целер кој претходно убаво сте го измиле и излупиле од нечистотиите.
Кога ќе зоврие поклопете и варете на тивок оган уште 20 минути. Потоа оставете да се лади шест часа. Процедете добро истискувајќи низ газа, па течноста складирајте ја во стаклени шишиња и чувајте во фрижидер.
УпотрЕба:
По 100 мл од напитокот, трипати на ден, половина час пред оброк. Може да додадете 100 мл сок од зелени и кисели јаболка или да го разредите со газирана вода (100 мл напиток со 100 мл вода).