Јапонска тајна за младешки изглед: Маска и тоник за коса и кожа од лубеница
Откријте ја моќта на природните состојки со овој едноставен, но ефикасен рецепт инспириран од јапонските традиции за нега.
Оваа маска и тоник за коса и кожа, базирани на лубеница, ќе ја хидрираат вашата кожа и ќе и дадат сјај, додека вашата коса ќе стане посилна и поздрава.
Подгответе се да заблескате со младешки изглед, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
За тоникот за коса:
– Половина лубеница (кора)
– 500 мл вода
– 2 лажички сок од лимон
– 1 лажичка маслиново масло
– НМД
За маската за кожа:
– 200 мл од претходната течност
– 2 лажици пченкарен скроб
– 4-5 капки масло од невен
– 4-5 капки масло од јојоба
– 1 лажичка сок од лимон
За дополнителна нега на кожа:
– 2 лажици гел од алое вера
Постапка
1. Подготовка на тоникот за коса:
– Исечете ја лубеницата и отстранете ја кората. Извадете го месестиот дел и исечкајте го на помали парчиња.
– Ставете ги парчињата лубеница во тенџере и додајте 500 мл вода.
– Варете на средна температура 10-15 минути.
– Оставете ја смесата да се излади, а потоа процедете ја течноста низ ситна цедалка. Одвојте 200 мл за следниот рецепт и тргнете настрана.


– Во процедената течност додајте 2 лажички сок од лимон и 1 лажичка маслиново масло. Добро измешајте.
– Префрлете го тоникот во чисто шише и чувајте го во фрижидер до еден месец.
– Нанесувајте го тоникот на скалпот двапати неделно, масирајте нежно, а потоа измијте ја косата со шампон.
2. Подготовка на маската за кожа:
– Претходно одвоениот 200 мл сок од лубеница ставете го во тенџере.
– Додајте 2 лажици пченкарен скроб и мешајте додека да се раствори.
– Варете ја смесата на тивок оган 5 минути, постојано мешајќи, додека да се згусне.
– Оставете ја смесата да се излади.
– Додајте 4-5 капки масло од невен, 4-5 капки масло од јојоба и 1 лажичка сок од лимон. Добро измешајте.

– Нанесете ја маската на чисто лице и оставете ја да делува 10-15 минути.
– Исплакнете со млака вода.
3. Дополнителна нега со алое вера:
– Нанесете 2 лажици гел од алое вера на претходно исчистена кожа.
– Оставете го гелот да делува неколку минути, а потоа исплакнете или оставете го да се впие, во зависност од потребите на вашата кожа.
Овој рецепт е едноставен начин да ја негувате вашата кожа и коса со природни состојки, давајќи им хидратација и сјај. Уживајте во ритуалот за убавина! Деталите од постапката погледнете ги во видео прилогот ОВДЕ:




































