Овој сируп е познат кај народот уште многу одамна а се применува за cмиpyвање на кашлицата, бидејќи делува брзо и ефикасно уште истиот ден. Затоа, многу е важно, штом почyвствувате дека сте настинале и почнувате да кашлате, направете си го овој сируп од две состојки.




Потребни состојки: 150 г шеќер и 500 мл пиво. Постапка: Ставете го шеќерот во тенџерче и загревајте го на умерен оган додека започне да се растопува и да се карамелизира. Повремено промешајте додека целиот шеќер да се растопи.




Тенџерето тргнете го настрана за кратко и додајте го пивото. Пивото додавајте го постепено. Потоа тенџерето вратете го на оган и смесата варете ја точно 20 минути на умерена температура. Доста од течноста ќе испари, а ќе добиете сируп кој по густина е сличен на медот.




Повремено промешувајте додека убаво да се растопи карамелизираниот шеќер. Додека мешате смесата може да пени, а пената да расте и да се подига, па затоа најдобро би било да користите некои повисоко тенџере за да спречите претекување на смесата.




Овој сируп по начинот на приготвување е многу сличен на шербетот, со тоа што шеќерот претходно треба да се карамелизира и наместо вода се додава пиво. Пивото содржи некои состојки кои зготвени на овој начин се многу лековити.




Алкoxoлот при готвењето испарува, така што сирупот е целосно бeзбеден, па може да го користат и деца со конcyлтација на нивниот лекар. Возрасни земаат по една супена лажица од овој сируп, а децата по една мала, кафена лажичка, пред оброк.




Важно е да знаете дека ако шеќерот го пржите на многу јак оган може да изгори и ќе стане горчлив. Затоа е најдобро да го пржите на умерен оган додека се стопи, а потоа да го додадете пивото.




За сува кашлица во сирупот се додава и една лажичка сув лист од нане. Готовиот сируп складирајте го во стаклена тегла откако ќе се олади. Чувајте го во фрижидер. „Овој сируп мене многу ми помогна лани кога цели два месеци имав сува кашлица.




Веќе не знаев што да направам, па го пробав овој сируп, нема што да се изгуби, а може да се добие. Да бидам искрена, се сомневав дека еден обичен шеќер и едно обично пиво можат толку да помогнат, ама ете јас сум сведок за делотворноста на сирупот“, Катерина. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.