Децата многу го сакаат ова вкусно јадење…Брз рецепт кој сите бараат да си го запишат…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 пилешки филети
6 тенки ленти кашкавал
300 г кори за пита
20 г путер
2 лажици маслиново масло
сол, црн пипер по вкус

ПОСТАПКА:

1.Зачинете го месото од двете страни. Растопете путер во широка тава и испржете го месото од двете страни по 2 минути.

2.Отворете една кора и превиткајте ја на половина. На едниот крај ставете парче кашкавал, па преклопете со друга кора, исто така здиплена. Ставете парче месо, па одозгора поставете ја третата здиплена кора.

3.Врз третата кора повторно поставете парче кашкавал. Свиткајте ги краевите приближно 1.5 см за да не истекува кашкавалот, па свиткајте го парчето до крај.

4.Растопете малку путер со маслиново масло, па спуштете ги здиплените пакетчиња и поклопете. Пржете ги по 3 минути од секоја страна. Постапката погледнете ја ОВДЕ.