Многу едноставни, супербрзи и супервкусни колачиња. Дечињата ми побараа нешто благо, а поради тоа што продавниците не работеа во недела, им ги направив овие колачиња од 3 состојки. Сопругот беше воодушевен и многу ме пофали за нив, ми рече дека му се посреќило со мене, зашто од секоја состојка можам да направам нешто многу убаво.




Ќе ви бидат потребни само 20 минути за да си ги замесите и испечете овие чоколадни кекси. Многу е популарен овој рецепт, па ако случајно сте го промашиле, брзо запишете си го и направете го. Еве што ви е потребно за да ги направите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 180 г чоко-лешник намаз (нутела/еурокрем…), 150 г брашно, 1 јајце. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 250 г путер, 120 г шеќер во прав, 2 кесички ванилин шеќер, 260 г брашно (130 г за чоколадниот дел и 130 г за ванила делот), 1 пудинг од чоколадо и 1 пудинг од ванила.




ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Во еден сад измешајте го лешниковиот намаз (чоколадниот дел) со едно јајце и 150 г брашно. Добро измесете со рака за да се соединат состојките. Тестото е супер за формирање.




Кинете мали парчиња од тестото и формирајте топчиња. Мене ми излегоа 23 топчиња, а вие доколку сакате повеќе, зголемете ја сразмерно количината на состојките. Со прст или со врвот од дрвена дршка на секое топче направете вдлабнување. Рерната вклучете ја да се загрее на 170 степени.




Колачите наредени во плех врз хартија ставете да се печат во загреаната рерна вкупно 10 минути, ниту минута повеќе. Оставете ги колачите околу една минута да подизладат, па во нивното вдлабнување ставајте чоко-лешник намаз (со лажичка или шприц) и послужете.




ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Можете да одбирате вкус на пудинг според ваша желба. Сите наведени состојки убаво измешајте ги во еден сад. Брашното измешајте го најпрво со пудингот што сте го избрале, а потоа додавајте ги останатите состојки.




Путерот кој треба да биде омекнат на собна температура малку изматете го со миксерот. Потоа во него додајте го шеќерот во прав и ванилата, па продолжете со матење. Вака пенасто изматениот путер поделете го на два приближно еднакви делови, едниот за пудинг со чоколадо, а другиот за пудингот од ванила.




Постепено соединувајте, треба да добиете мазно тесто. Тестото завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер околу половина час за да се стегне иако може и веднаш да се работи со него. Потоа уште еднаш премесете го, па обликувајте тенок ваљак.




Од него сечете мали парчиња, формирајте ги во топчиња, па притиснете ги одозгора со виљушка за да се добие шара. Може и директно да кинете од тестото и со дланките да формирате мали топчиња и да ги редите веднаш во плехот обложен со хартија за печење.

Ако сакате да ви бидат како професионалните, купечки бисквити, можете да ги притиснувате во долната преграда од калапот за сечење варени јајца. Меѓутоа, и со виљушката се прават многу добри шари. Приготвените колачиња редете ги врз плех кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. По желба можете да ги полните со мала коцка чоколадо.

Рерната загрејте ја на 180 степени, а бисквитите се печат само околу 7-9 минути во зависност од рерната. Печените кекси оставете ги неколку минути да се подизлаат, па потоа наредете ги во чинијата за сервирање.

Значи што се однесува до пудингот, може да се користат разни вкусови, со тоа што треба да се води сметка да не се препечат и пудинг биксвитите да останат бели/светли, осносно со оригиналната боја од пудингот. На фотографијата се бисквити направени од ванилин и чоколаден пудинг. Целата постапка можете да ја видите во видеото ОВДЕ.