Дури и пливачот Мајкл Фелпс признал дека “секој понекогаш моча во базенот”, но научниците конечно дознаа колку е тоа често.
Канадските експерти пронашле начин да пресметаат колку урина се наоѓа во секој базен и џакузи во Канада. Тие пронашле траги од урина во секој од нив.
Во просек, утврдено е дека на секои 500 000 литри вода во базенот има околу 36 литри урина, но резултатите покажале дека луѓето многу повеќе уринираат во џакузи.
Така е утврдено дека нивото на урина во едно хотелско џакузи е дури трипати поголемо од нивото на најлошиот базен.
Научниците велат дека до овие податоци дошле со мерење на калиум ацесулфамот во базените и џакузите.
Тоа е засладувач кој се наоѓа во вештачките супи, газираните пијалаци, слатки и јогуртот, а 95% од внесената количина, го напушта човековото тело во непроменет облик, што го прави добар индикатор за присуство на урина во водата.
Иако самата урина не е штетна, во комбинација со хлорот може да создаде “нуспродукти на дезинфекцијата”, кои би можеле да бидат опасни.
Сепак, истражувачите велат дека тоа не е причина да не уживате во пливањето и дека ова е само потсетник дека не е добро да се уринира во базените.