Звучи чудно, но оваа комбинација може да реши голем проблем. Мед и лимон, мед и цимет, мед и топла вода… Медот е одличен во различни комбинации и сите тие ни се добро познати.
Но, дали некогаш сте помислиле што би се случило кога би изеле мешавина од мед и морска сол?Звучи чудно, но оваа комбинација може да ви реши голем проблем!
Дали сте забележале дека во вашето опкружување има се’ повеќе луѓе кои се многу уморни, а можеби и вие припаѓате на оваа група?
Оптималниот сон трае осум часа, но факт е дека луѓето обично спијат помеѓу 6 и 7 часа. Тоа е само час или два помалку, меѓутоа дури и тоа кратко време без сон може да има големо влијание врз нашето здравје. На човековото тело му се потребни осум часа сон, бидејќи тоа е време кое е потребно за целосно да се одмори организмот.
Повеќето луѓе веруваат дека кофеинот може да помогне тогаш кога не спиете доволно, но тие не се во право. Кофеинот може да даде само краток, привремен налет на енергија. Таквата состојба е минлива а после тоа се чувствувате уште полошо.
Одбегнувајте го компјутерот и смартфонот, не гледајте ТВ најмалку еден час пред спиење. Кога гледаме ТВ или кога работиме на компјутер, на нашиот мозок му треба време да се смири пред спиење.
За среќа постои потполно природен лек кој може да помогне во случај на недостиг на сон. Најдоброто е тоа што повеќемината од нас веќе го имаме во кујната.
Во што се крие тајната на овој природен лек?
Тајната е во хималајската сол. Розевата хималајска сол е добра за мигрени, им помага на надбубрежните жлезди во борба против разни болести, па дури ја регулира и телесната тежина.
Со помош на хималајската сол можете да се изборите со депресијата, бидејќи таа може да влијае врз нивото на серотонинот. Најпосле, оваа сол го стабилизира нивото на мелатонинот, хормон кој е многу значаен за добар сон.
Само направете смеса од пет лажички органски мед и една лажичка розова хималајска морска сол и ставете во стаклен сад. Пред спиење, ставете мала количина од оваа мешавина под јазикот.
Оставете да се растопи, а вие одете на спиење. Наутро ќе бидете восхитени од промената.