Последните години, свеста на луѓето околу здрав начин на живот е подигната на повисоко ниво. Сега веќе, дури и во маалските маркети можат да се најдат гондоли, на кои пишува дека стоката е органска, здрава, без глутен и.т.н.
Нема да навлегуваме во тоа дали здрави луѓе треба да одбегнуваат глутен, или дали ГМО е ризик за здравјето на човекот, сме пишувале многу околу ова, можете да пронајдете на нашиот портал.
Ќе се задржиме на нешто друго!
Во морето информации на интернет (за жал, главен доктор или нутриционист за луѓето во последно време е “Чичко Гугл”) една од најексплоатираните е пиењето вода со лимон наутро.
Дали наутро треба да се пие чиста вода или вода со лимон?
Одговорот на ова прашање е дека НЕМА ПОТРЕБА од лимон. Треба да се пие обична, млака вода!
Водата наутро, особено млака, (бидејќи во организмот средината е топла) е своевиден ЧИСТАЧ на организмот.
Како што се тушираме надворешно, така и внатрешно е потребен еден “шмрк”, кој ќе ги отстрани сите токсини кои сме ги внеле претходниот ден и се наталожиле во нашиот дигестивен систем, црниот дроб, бубрезите, цревата.
Да не се разбереме погрешно околу лимонот. Лимонот е еден од најздравите агруми, преполн со витамин Ц, но се прави една грешка, еве каде.
Витаминот Ц е еден од најголемите поддржувачи на нивото на имунитет кај возрасните и кај децата. Препорачана дневна доза за витамин Ц е 1000 милиграми за возрасни и 500 за деца.
Но најголема “мана” кај витаминот Ц, е што тој се излачува од организмот за еден час по неговата консумација.
Гршката која ја прават луѓето е што мислат дека ако исцедат еден лимон во водата наутро, тие завршиле работа со витамин Ц за тој ден. Не е воопшто така, зошто?
Еве зошто:
Затоа што, прво, во еден лимон од стотина грама има само околу 50 милиграми витамин Ц (дневните потреби се 1000 мг). Би требало да исконзумирате два килограми лимон.
Втората работа е што и да исцедите и испиете два килограми лимон наутро, вие не сте го решиле проблемот со витамин Ц, бидејќи за еден час, целата количина ќе биде исфрлена преку урината.
Значи, доколку одлучите по природен пат да надополнувате витамин Ц, вие ќе морате да цедите и пиете секој час по еден лимон или портокал!
Петар П.