Дали е во ред да се носат бабите на море за да се грижат за внуците? Психолозите открија дека тоа е голема грешка…
Вечна дилема, дали е подобро родителите да се грижат за децата или бабите и дедовците…
Во утринската програма на телевизија „Прва“ темата беше дали е подобро детето да оди во градинка или да го чуваат баба и дедо, и дали бабите и дедовците треба да одат на одмор да чуваат внуците.
Своите професионални мислења, но и искуства од секојдневниот живот ги споделија Јелена Радовиќ, социолог, Татјана Влашковиќ Јовиќевиќ, психотерапевт и инфлуенсерката на Инстаграм Јелена Динчиќ.
Јелена Динчиќ изјави дека улогата на бабите и дедовците не е само да се грижат за внуците, туку и да се подобри нивниот животот, притоа мислејќи на нејзините родители, како и на родителите на нејзиниот сопруг.
„Бабата и дедото секогаш ги носиме на море кога одиме со децата. Оваа година ги земаме со нас мајка ми и свекрва ми. Не ги земаме затоа што јас сум неспособна мајка или затоа што сум размазена.
Ги земаме затоа што во спротивно бабите и дедовците не би оделе ни на море затоа што секогаш ни велат – вие одете да се одморите, ние немаме доволно пари.
Не бегаме од фактот дека кога децата си легнуваат во девет навечер, јас и сопругот си одиме на некаде на прошетка.
Јас сум за тоа бабите и дедовците умерено да се ангажираат околу децата, а оние што немаат баби и дедовци да си ангажираат бебиситерка или сосетка. Сѐ зависи од вас и како ќе одлучите да ги воспитувате вашите деца“, изјави Јелена.
Изјавата на Јелена Динчиќ беше интересна за родителите, но и за бабите и дедовците кои имаа различни мислења на оваа тема.
Од една страна, оние кои станале баба и дедо рекоа дека до некаде се согласуваат со неа бидејќи нивната улога не е само да бидат „втори родители“, туку и на нив им е потребен одмор.
„Сè е убаво во теорија, но во реалноста е поинаку. Ги носат бабите и дедовците на море за да си ја тргнат одговорноста од себе.
Тие одат на море и се однесуваат како децата да не се нивни. Не би одела на одмор и да ги земам мајка ми и свекрвата да трчаат по моите деца“,
„Одморот на бабата и дедото им го плаќате, а кога ќе се вратите од одмор пак им ги испраќате децата кај нив“,
„Кога и дали бабата и дедото се одмораат на тоа море? Ако веќе одат, вистински нека се опуштат. Нека шетаат бабата и дедото во 9 навечер, а вие чувајте си ги децата“, напишаа во коментарите под видеото.
Дали и вие ги носите бабата и дедото на летување за да ви помогнат, или ги носите за вистински да се одморат заедно со вас?