Урината не е стерилна, иако многумина веруваат во овој мит. И покрај тврдењата на експертите за преживување во услови на непогода, науката вели дека урината сушност, не е стерилна.
Митот за пиење урина беше популаризиран на социјалните мрежи кога ѕвездата Бер Грилс, кој во своите серии за преживување користи се’ и сешто за опстанок, и вели дека е безбедно да се пие урината во услови кога немате достапна питка вода.
Во 13.епизода, за време на посетата во Австралија, тој изведува трик, велејќи дека тоа му е „прв пат“, односно ја пие сопствената урина и притоа вели дека „таа е безбедна за пиење“. Оваа изведба се повтoрува повеќе пати во текот на шоуто, а на моменти се чини дека тоа е непотребно или тривијално.
Ова се разбранува и се рашири низ Интернет-просторот, а најчестите коментари кои можеа да се сретнат е дека тоа е добро, односно добро е да се пие урината бидејќи „урината е стерилна“.
Како започна овој мит?
Овој „факт“ всушност започнува од страна на епидемиологот Едвард Кас, кој извршил тестирање на урината кај хируршки оперирани пациенти, па за „здрава“ урина ја сметал онаа која била „негативна“ на бактерии. Ова сепак се смета за преувеличување на тестот, бидејќи и ден-денес голем број луѓе па и лекари ова го сметаат за вистина
„Негативен резултат“ не значи дека воопшто нема бактерии, туку дека нивото на бактерии е паднато под одреден праг.
Сè што се наоѓа ВО или НА човечкото тело е контаминирано со микроби. Дури и плацентата која го заштитува фетусот во текот на бременоста, содржи одредени бактерии.
Но, иако твојата урина не е стерилна, сепак не е опасна.
Голем дел од бактериите во човечкото тело се од суштинско значење за нашите телесни функции, особено дигестијата. Многу од овие бактерии се сметаат за наследни, пренесувани од членови на семејството. Оваа заедница на микроби е толку сложена што дури и ракувањето со некого може да има трајно влијание врз бактериите што живеат на вашата рака.
Па, и покрај тоа што содржи микроорганизми, вашата урина не е опасна, освен ако имате нешто слично на инфекција на уринарниот тракт, но сепак не се препорачува да ја пиете.