Ако ги споредиме нашите сфаќања и размислувања со оние на нашите родители или баби и дедовци кога биле на наша возраст, ќе наидеме на многу разлики. Некои работи кои тогаш биле оcyдyвани, денес се нормални.




Сега сме во 21.век кога жената не е веќе инфериорна и мажот не е поштеден од многу работи. Ова за некого е бpyтална вистина, но всушност станува збор за реалност со која ќе бидат пречекани голем број мажи кога ќе влезат во cеpиозна вpcка или брак.




ПРОМЕНА ВО ФИНАНСИИТЕ. Дури и најдобрите врски може да се разнишаат кога ќе настапат проблеми со пари. Дури, не мора да постојат вистински проблеми, затоа што од почетокот се наметнуваат некои прашања:




„Кој ги заработува парите“; „кој повеќе заработува, а кој помалку“; „чиви родители дале помалку или повеќе“; „моите-твоите“; „кој троши повеќе за себе, а кој помалку“; „приоритети за трошење на парите…“




НЕУБАВИТЕ РАБОТИ ИСПЛИВУВААТ НА ПОВРШИНА. Колку и да си мислел дека жена ти е совршена, сепак ќе откриеш многу работи кои не ти се допаѓаат кај неа. Тоа се мали, ситни нешта, кои најдобро е да не и ги откриваш.




МОРА И ТИ ДА ГОТВИШ. Не заборавај дека живееш во 21.век кога нема поделба на „женски“ и „машки“ работи. Па така, ако не знаеш да готвиш, најдобро би било да почнеш уште веднаш да учиш барем основни работи од кујната.




Можеби дома мајка ти те третирала како принц, ти готвела, те перела и чистела зад себе, но не очекувај дека тие работи ќе продолжат и откако ќе се ожениш. Сопругата не ти е мајка, а ти не си бебе.




НЕМА ДА ТИ СЕ ДОПАЃА КАКО СЕ ОБЛЕКУВА „ЗА ПО ДОМА“. Досега можеби сте се гледале во најубави изданија. Надвор и за излегување жените секогаш се средени и дотерани.




Кога ќе бидете во брак ќе сфатиш дека голем дел од нејзините алишта не ти се допаѓаат, а кои таа ги носи „за по дома“. Ниту нејзината долна облека, ниту комотните широки тренерки.




Не заборавај дека и таа сака да има удобна памучна облека која нема да ја стега и нема да ја поти. Пред да почнеш да негодуваш, само отвори ја твојата фијока и погледни што имаш ти таму. Истото се однесува и за пижамите и за многу други работи кои таа ги носи „по дома“.




ПОМАЛКУ ЉУБОВ, ОСОБЕНО ОТКАКО ЌЕ ДОЈДАТ ДЕЦАТА. Ова неминовно ќе опаѓа, но не заборавај дека половина од проблемите се и твоја вина. Кога ќе дојдат децата вашите приоритети се менуваат. Таа сè помалку е заинтересирана за она што тебе постојано ти е во главата.

Таа дефинитивно повеќе ќе размислува за сите обврски кои не се извршени од твоја страна, бидејќи реално, со доаѓањето на децата нејзините се удвојуваат. Затоа, дружбите со другарите сведи ги на минимум. Како ќе минуваат годините, тие дружби и заглавувања до доцна ќе изгледаат помалку симпатично.

Никогаш не заборавај зошто воопшто си се оженил.