Д-р Светлана Станишиќ откри неколку трикови кои ќе ни помогнат да купиме поздрава храна, но во исто време прифатлива за нашиот буџет!
Многумина велат дека здравата и квалитетна исхрана чини многу поскапо од останатата, а уште повеќе ако се работи за органска храна или некој посебен режим на исхрана. Д-р Светлана Станишиќ гостувајќи на ТВ Курир ги објасни триковите како е можно да се храните здраво, а сепак да не е премногу скапо.
„Би рекла дека деновиве и нездравата храна не е многу евтина . Јас не сум магионичар, но денес ќе ви откријам неколку трикови. Би сакала да им го насочам вниманието на луѓето како добро да ја испланираат својата набавка, а таа да биде поевтина и поздрава. Болестите и сиромаштијата се најлошата комбинација“, започна д-р Станишиќ и додаде:
„Мојата прва препорака би била: внесувајте ги храната и витамините заедно, не купувајте брза храна, а потоа да земате суплементи, туку внесувајте ги витамините преку храна. Јас скоро резимирав некои интересни работи во продавниците, а се однесуваат на маркетиншките трикови и вреди да се споменат.
Дали сте забележале како во продавниците ги разместуваат намирниците по полиците? Прво ве пречекуваат со огромни корпи, па продукти со голем волумен. Продолжете натаму имајќи ги на ум намирниците кои навистина ни се најнеопходни.
Најдолго треба да се задржиме кај полиците со овошје и зеленчук, бидејќи сè што не е преработено, автоматски е поздраво и поевтино. Со тоа што купуваме џемови, компоти и слично, ние ја плаќаме технологијата за производство и тоа не е најисплатливо.
Таа истакна дека е многу важно добро да ја планирате вашата исхрана:
„Првата работа е добро планирање. т.е да се отиде до продавница со претходно подготвен список за она што треба да се купи. Особено затоа што поскапите производи најчесто ги ставаат на полици кои се на ниво на очите, а домашните производи се некаде на дното.
Секогаш би избрала домашни производи, сезонска храна, бидејќи се полни со витамини и минерали. Ако немаме можност за тоа, можеме да земеме смрзнато. По 45 минути немаме што да бараме во продавницата, бидејќи сме уморни, а вниманието ни е ослабено.
Завршуваме на каса, каде што не чекаат слатки, цигари, алкохол и сè друго со што би сакале да се наградиме за тој напорен шопинг. Не треба да одите на шопинг гладни. Треба да направите список во однос на она што веќе го имате дома“, детално објасни таа. Докторката исто така додаде дека овошјето има благотворно влијание врз здравјето и го намалува ризикот од дијабетес.
„Секои 100 грама овошје дневно ја намалуваат шансата за дијабетес за три проценти. „Додека претходните препораки што им беа давани на дијабетичарите беа да избегнуваат овошје, денес знаеме дека овошјето е одлично и дека флаваноидите и другите супстанции од овошјето ја намалуваат шансата за хронични заболувања“, рече Станишиќ.