Докторите кои се волни преку едноставни совети да им помогнат на луѓето, честопати се гости во емисии каде на „пластичен“ начин ги објаснуваат здравствените аспекти за да можат истите да бидат разбирливи и за обичниот народ.
Еден од нив е и д-р Емир Солаковиќ, општ срцев и васкуларен хирург, чест гостин во ТВ емисиите. Овојпат тој ја објасни важноста од правилно одбраниот појадок, па наведе што би требало да појадуваат жените, а што мажите, за да бидат вити и здрави. Тој исто така, ги откри и честите зам-ки во кои паѓаат луѓето при изборот на „здрава храна“.
„Јас се будам околу 6 часот. За мене 6 часа се доволни за да се наспијам. Луѓето кои спијат подолго од 6 часа веројатно имаат некаков проблем. Не е нормално да се спие подолго од 6 часа.
Организмот сам се буди после 6-7 часа ако функционира нормално. Ако не можете да се наспиете, значи дека нешто се случува: или многу работите, или сте под ст-рес или во прашање е некоја болест за која не сте свесни…
Луѓето кои се дебели под дифолт веќе се пациенти, бидејќи тие имаат поголеми шанси да се разболат од некоја болест. Во мојата пракса никогаш не сум видел дебел човек да појадува. Тој го прескокнува појадокот. Тоа е најчесто случај со оние кои се дебели, а наводно сакаат да ослабат.
Ваквиот човек секогаш нешто грицка, и можете да замислите, тоа секогаш е нешто нездраво. Кога јаде, јаде како да уфрла храна во некоја пештера. Се движи само од автомобил до дома. Многу јаде, а нема физичка активност и така доаѓа до дебелеење.
ИДЕАЛЕН ПОЈАДОК ЗА ЖЕНА Е: Ако сте жена, штом наутро ќе станете, веднаш испијте една чаша било каков топол чај. Исперете ги ток-сините што се таложиле преку ноќта. Потоа за појадок земете јајца. За жените идеален појадок е кајгана од 3 белки и едно цело јајце. Тоа се 10 грама протеини кои долго ќе ве одржуваат сити.
ИДЕАЛЕН ПОЈАДОК ЗА МАЖ Е: Ако сте маж, тогаш за појадок земете кајгана од 5 белки и едно цело јајце. Мора да се внесува и малку масно, бидејќи тоа е важно за организмот. Ако сакате здрави масти, во таа кајгана слободно капнете малку маслиново масло.
Нашата кожа, веѓите, косата, ноктите – сè е изградено од тие белковини. Овој појадок јадете го без леб. Не ви е потребен лебот. Секој ден можете ова да го јадете како појадок и нема да се здебелите.
На вашиот мозок му е потребен шеќер за да се нахрани, но кој? Јас ви препорачувам да сварите овес и да додадете неколку коцки темно чоколадо, па додајте и некоја сува слива. За појадок организмот ќе ви рече: „Ти благодарам што ме нахрани со ова“.
Организмот го сака овесот, бидејќи тој од сите намирници ја има истата супстанција како и мајчиното млеко. Немојте да јадете готови купечки мешавини од снегулки, зошто тоа е ѓу-бре и преполно е со шеќер. Сварете си чист овес како што варите пченица.
После ова можете слободно да испиете кафе без шеќер и ќе дојде до празнење на цревата. Е, дури сега сте спремни за работа. Ќе можете да истерате 6 часа без никаков проблем. Организмот ќе ви функционира перфектно и ќе бидете исполнети со енергија без главоболки.
А доколку се одлучите за поинаков појадок, и на пример изедете кифла, тоа е исто како да сте изеле чист шеќер. Организмот нема да знае дали изел кифла, тој ќе ја свари како шеќер. Колку е побел лебот, толку тој е поголемо ѓу-бре.
Лебот со семки е добар и здрав, но правиот, црн леб. Без бои и додатоци. Но, максимално две парчиња. Белиот леб не содржи ништо што би можело да ви користи!”
Доктор Солаковиќ: Јас вака правам за да го намалам притисокот и противник сум веднаш да се земаат лекови
Доктор Емир Солаковиќ во текот на гостувањето во една емисија даде одличен совет како да се намали високиот кр-вен притисок, а од друга страна што да прават луѓето кои имаат низок кр-вен притисок.
„Ако имате некој здравствен проблем, да си знаете дека вие самите сте си криви за тоа. Лекарите не можат да ве излечат ако навреме не сте се погрижиле за себеси. Ако имате висок притисок мора да бидете информирани за тоа, што значи, ако горниот притисок ви е 140 а долниот 90, вие имате хипертензија. Сè останато над ова е полошо…
Кога нешто ќе се насе-кирате, притисокот ви ско-ка, па одите на лекар и тој ви дава лекови и тогаш цел живот сте на тие лекови. Но вие мора да бидете свој доктор.
Направете табела и мерете го притисокот наутро и навечер. И така водете евиденција во текот на 20 дена. Секогаш мерете го притисокот во исто време. Единствено на овој начин ќе знаете дали имате хипертензија или не.
Можеби еднаш ви било лошо, нешто сте биле заг-рижени, па тогаш ви се покачил притисокот. Па сте отишле на лекар и тој ви дал лекови, а сето тоа без потреба. Мерете го сами притисокот и водете сметка за себеси. Оваа воопшто не е комп-лицирано. Не дозволувајте притисокот да ви се качи на 200.
Сите кои имате висок кр-вен притисок кон-сумирајте што повеќе овошје и зеленчук кои содржат калиум. Користете и калиум во таблети. Калиумот од 140 ќе ви го намали притисокот на 130, а тоа е голема работа. Информирајте се кои намирници содржат повеќе од овој минерал и вклучете ги почесто во вашата исхрана.
Кога пиете кафе, изедете и коцка црно чоколадо. И посната морска риба го намалува притисокот. Јас така живеам! Притисокот бара движење. Ако сакате да го намалите притисокот, пешачете и не бидете дебели. Не можете да бидете дебели и здрави. Дебелите луѓе се б олни луѓе, бидејќи имаат висок притисок и висок шеќер!
Од друга страна, луѓето со низок притисок треба да пијат доста течности. Ако многу седите, не се движите, не пиете вода, притисокот ќе ви падне. Јас сум противник на лекови. Обидете се да направите нешто за да го покачите притисокот или да го намалите, но без лекови.
Ниту еден доктор не може да ви помогне ако вие сами не си помогнете. „Кој може да знае подобро од вас самите?”, заклучува докторот.