Со бројни студии откриено е дека симптомите на срцев у дар се разликуваат кај мажите и жените. Жените можат да доживеат срцев у дар без воопшто да чувствуваат б олка во градите или кој било друг „вообичаен“ сигнал за срцев умдар.
Д-р Петар Оташевиќ, специјалист по интерна медицина и супспецијалист по кардиологија, раководител на Клиниката за кардиологија при ИКВБ „Дедиње“, објаснува зошто е тоа така и кои се најчестите сигнали што се јавуваат кај жените, а кои покажуваат дека срцето е во опас-ност:
„Жените имаат симптоми на срцев у дар кои не се поврзани со б олка во градите. Тоа се: б олка во вратот, вилицата или рамењата, отеж-нато ди-шење и га-дење со пов-раќање, потење, вртоглавица…
Причините за овие нетипични симптоми не се секогаш јасни , но може да се претпостави дека делумно се предизвикани од фактот дека жените често имаат стеснување не само на големите, туку и на помалите кр-вни садови, што значи дека кај нив е поразвиена коронарната микроваскуларна болест“, рече тој.
„Симптомите на срцевите проблеми кај жените се поизразени додека се во мирување или спиење, што се објаснува со фактот дека тие се подложни на ст-рес.
Емоционалниот ст-рес лесно може да биде предизвикувач на срцев у дар, но бидејќи жените не секогаш ги препознаваат овие симптоми, тие обично доцна се јавуваат на преглед кај својот лекар.
Но, поради нетипичните тегоби, и доколку жената сепак отиде на консултација со својот лекар, честопати се случува тој да не ја постави соодветната дијагноза или тоа да не го направи навремено“, објасни проф. д-р Оташевиќ.
Традиционални фактори на ризик се: висок холестерол, висок кр-вен притисок или дебелина, но кај жените може некои други фактори да играат важна улога во развојот на кардиоваскуларни болести.
Дијабетесот може да го промени начинот на кој жените чувствуваат б олка, што ги става на поголем ризик да имаат асимптоматски срцеви у дари. Потоа, пу-шењето кај жените носи поголем ризик од срцеви заболувања отколку кај мажите.
Неактивноста, односно отсуството на физичка активност, е поприсутна кај жените, исто како и ст-ресот и деп-ресијата.
Овие проблеми станаа сè позабележителни за време на пандемијата од kopoна вирусот, а деп-ресијата го отежнува одржувањето на здрав начин на живот и следењето на препорачаниот третман.