Квасецот е исклучително здрав и богат со бројни нутриенти и минерали. Освен што се користи во подготовката на печива и леб, тој е одличен за здравјето и помага во лекување на одредени болести.
Го подобрува варењето на храната, ја негува косата и ноктите, позитивно влијае на имуниот систем, а поради присуството на фолна киселина се препорачува да го консумираат и трудници за одржување на здравјето на плодот.
Нутритивниот квасец, уште познат и како сладок квасец е неактивен квасец направен од шеќерна трска. Тоа е габа која се храни со шеќер, а шеќерот се користи за претворање во енергија. Нутритивниот квасец содржи фолати, тиамин, рибофлавин, ниацин, селен, цинк што го чини супер храна.
Има низок процент на натриум и масти, не содржи глутен и додатни шеќери и конзерванси. Одличен извор е на витамин Б6. Важно е да се напомене дека нутритивниот квасец не е ист како пивскиот квасец.
ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ НА НУТРИТИВНИОТ КВАСЕЦ
Го одржува имуниот систем и го зајакнува. Нутритивниот квасец обезбедува соединенија како бета глукан, трехалоза, манан и глутатион кои се одговорни за зајакнување на имунитетот, намалување на високиот холестерол и намалување на ризикот од кан-цер.
Има антивирусно и антибактериско дејство. Нутритивниот квасец е докажан како најдобар производ за лекување на хроничните симптоми на кандида. Неговоро антибактериско дејство одлично се покажало во лекување на бактеријата Ешерихија Коли, салмонела и стафилокока.
Го подобрува варењето на храната. Истражувањата покажуваат дека квасецот е одличен избор при дијареа и губиток на апетитот. Пробиотиците во квасецот се покажале како одлични за оние кои имаат честа дијареа и се нетолерантни на лактоза.
Го стимулира растот на здравата коса и нокти и ја одржува кожата чиста. Квасецот содржи витамини од групата Б, кои се важни за одржување на здравјето на косата, ноктите и кожата. Ниацинот кој се наоѓа во квасецот се користи за лечење на хроничните акни и подобрување на квалитетот на кожата.
ПРИМЕНА НА КВАСЕЦОТ. Иако е најпопуларен помеѓу веганите и вегетаријанците, нутритивниот квасец дава одличен вкус на оброците и е одлична замена за сирењето, без вишок масти. За оние кои се нетолерантни на лактоза, нутритивниот квасец е одличен избор и може да се послужува со тестенини, салати, печени компири или пире, супи..
Рецепт за шејк кој заменува оброк. Потребни состојки: 1 шолја млеко, 2 лажички сурутка во прав или како течност, 1 шолја овошје по избор, 1 лажичка какао, 1 лажичка ленено семе, 1 лажичка чиа семе, 1/2 банана, 1 лажичка нутритивен квасец, прстофат цимет. Постапка: Сите состојки ставете ги во блендер, изблендирајте и испијте го напитокот веднаш.
Свежиот квасец се користи како природен лек уште од античко време, а денес се препорачува користење на квасец за лекување на болести. Се консумира на празен стомак или помеѓу оброците 1 – 2 лажички, растопен во малку вода или млеко, 1 – 3 пати на ден.
Смирувачка маска за лице. Од квасецот се подготвуваат и маски за лице за смирување на акни и други кожни заболувања кои ја прочистуваат кожата. Најчесто квасецот се меша со малку топла вода или млеко, а смесата се става на лице и се остава додека да се исуши, а потоа темелно се мие со топла, па ладна вода.
ЕЛИКСИР ЗА ЗДРАВЈЕ: 1 лажичка мед, 1 лажичка јаболкова киселина, мало парче свеж квасец (величина на чешне лук), 2 чешниња лук. Постапка: Сите состојки се мешаат, а лукот само малку се нагмечува. Се приготвува одвечер, а следниот ден се консумира половина од смесата, а остатокот навечер. Оваа смеса е одличен лек за бројни болести, за зголемување на имунитетот и одбрана од вируси, бактерии и габични инфекции.
Докторот по медицински науки, лекар и билкар Виктор Хрушчов тврди дека современиот леб е причина за многу болести и дека спасот е во квасецот кој можеме сами да го направиме. Д-р Виктор Хрушчов, автор на книгата за подмладување со соодвена исхрана, смета дека еден од поголемите проблеми на денешницата е лебот.
Сите знаеме дека лебот не е ист “како некогаш”, бидејќи пченицата не е иста, а исто така, постапката и состојките кои се користат во процесот на приготвување на леб не се исти. РЕЦЕПТ ЗА СТАРТЕР-домашен квасец.
Потребни состојки: 1 јаболко, 500 г + 250 г остро брашно, 250 мл + 170 мл млака вода. Постапка: Органско, непрскано јаболко измијте го добро и пресечете го на половина. Извадете ги семките и изрендајте го (или ситно исечкајте го, па после 2-3 дена се вадат парчињата).
Половина килограм остро брашно измешајте со 350 мл вода, додајте го јаболкото и сето добро затворете го во стаклена тегла. После два-три дена ќе се појават меурчиња и смесата ќе нарасне. Половина од смесата треба да се фрли (или да се продолжи процесот во друга тегла или да направите леб со половината), а во остатокот да се додаде претходно измешани 250 г остро брашно и 170 мл млака вода.
Добро се промешува, се затвора и повторно се остава неколку денови да мирува на собна температура. Кога ќе се појават меурчиња, смесата е готова за употреба. Околу 250 г стартер се користи со останатите состојки за приготвување на леб, а остатокот се “одржува” со додавање на онолку брашно и вода, колку да се добие и одржува течно тесто во теглата.
Ако печете редовно секој ден леб, тогаш стартерот може да стои на собна температура, а доколку месите поретко, чувајте го во фрижидер. Овој квасец е многу здрав, одличен антибиотик и за подобрување на имунитетот.