Царски појадок…сакаме секој ден да го јадеме, никогаш не ни е доста…Практичен рецепт. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца
200 мл + 200 мл течен јогурт
100 мл масло
1/2 лажичка сол
300 г ситно сирење или урда
200 г шунка, исечкана на коцкички
500 г кори за пита
6 г прашок за печиво 1/2 кесичка
100 мл газирана вода

ПОСТАПКА:

1.Јајцата рачно изматете ги со малку сол, па додајте сирење, јогурт и прашок за печиво. Промешајте и додајте ја шунката. Корите исечкајте ги на ленти.

2.Сечканите кори на два-три патисипете ги во смесата. Додајте уште една чаша јогурт и половина (до една чаша) газирана вода (додавајте малку по малку, по потреба).

3.Снесата сипете ја во помал намастен калап, распоредете рамномерно, израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, 40 минути. Постапката оогледнете ја ОВДЕ.