Home закуска ЦАРСКА ПИТА ЗА 40 МИНУТИ…Кога еднаш ќе ја пробате, секогаш вака ќе...

ЦАРСКА ПИТА ЗА 40 МИНУТИ…Кога еднаш ќе ја пробате, секогаш вака ќе ја правите…

ЦАРСКА ПИТА ЗА 40 МИНУТИ…Кога еднаш ќе ја пробате, секогаш вака ќе ја правите…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250 мл):

4 јајца
1 чаша масло
1 чаша течен јогурт
2 чаши брашно
1 кесичка прашок за печиво

И уште:
150 г шунка, исечкана на коцки
2 црвени пиперки (свежи или од туршија), сечкани
150-200 г кисели краставички, сечкани
300-400 г сирење или урда

ПОСТАПКА:

1.Јајцата пенасто изматете ги со лажичка сол. Постепено додајте го маслото, па јогуртот и на крај брашното помешано со прашок за печиво.

2.Во тестото додајте ги сечканите пиперки, шунката, киселите краставички и сирењето. промешајте за рамномерно да се распоредат сите состојки.

3.Смесата излејте ја во калап 30х20 см обложен со хартија и печете во претходно загреана рерна на 200 степени, 40-45 минути.

Пред печењето по желба посипете сусам. Постапката погледнете ја ОВДЕ.